Пређи на главни садржај

Дара Бубамара со нов албум под наслов „2025“

Албумот е во издание на City Records...

Дара Бубамара по 32 години кариера и 8 година од издавањето на последниот албум го објави својот нов, 13-ти по ред студиски албум под наслов „2025“ . Новиот албум на Дара е под издание на City Records .

Албумот содржи 12 сосема нови песни, а Дара уште еднаш покажа и докажа дека таа „владее“ над многу жанрови и стилови на пеење . Докажаните соработници и младата сила на авторот, го направија новиот албум на Дара да го најде патот дури и до оние најпробирливи слушатели и љубители на музика.

Имено, публиката од различни возрасти и вкусови на музика даде фантастични коментари за новиот албум на Дара, а тоа го потврдува и статусот дека Дара е една од највлијателните пејачки на балканската музичка сцена.

Албумот „2025“ на Дара е пропратен со модерни музички спотови како и визуелни слики за спотовите од секоја песна, а албумот доби и физичко издание односно ЦД кое може да се купи во сите продажни места на City Records, и он-лајн преку нивната продажна мрежа.

Од City Records  за медиумите велат дека ова е специјално задоволство на сите фанови на Дара , а според нив тие едвај чекаат да ги слушнат впечатоците на слушателите и гледачите.

„Ова е специјално задоволство за најверните фанови и сите љубители на тој вид музика. Ние едвај чекаме да ги слушнеме впечатоците на слушателите и гледачите, а и на цела публика. Исто така на сите им препорачуваме да ги погледнат визулените слики и да уживаат во најновите видео-спотови од најновиот албум на Дара насловен како „2025“-велат од City Records.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...