Претставата ќе се игра в сабота од 20:00 часот...
Театарската претстава „Ученикот“ ќе се игра на 15.03.2025 година (сабота) од 20:00 часот на сцената од прилепскиот Нроден Театар „Војдан Чернодрински“.
Режијата и драматургијата за претставата се на Кирил Петрески, сценографијата и плакатот се на Владо Ѓорески, костимографијата е на Александар Џинго, а музиката е на Серафим Черенит.
Имено, во претставата улогите ги толкуваат актерите Зоран Иваноски, Марија Спиркоска-Илијеска, Александар Тодески, Иво Јездиќ, Лора Штарго, Наум Ѓорѓиески, Марија Талеска и Димитар Паскоски.
Претставата „Ученикот“ нејзината премиера ја имаше во месец декември 2024 година, а истата се играше токму на сцената од прилескиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“.
Инаку, влезници за театарската претсава можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378
#Култура

Коментари
Постави коментар