Пређи на главни садржај

Георгиевски: Хуморот е причината за моето занимавање со стенд-ап

Стенд-ап кимичарот даде екслузивно интервју за нашиот портал...


Aлександар Георгиевски стенд-ап комичарот кој имал над 40 стенд-ап настапи ширум Македонија даде екслузивно интервју за нашиот портал. Интервјуто беше направено од страна на наша новинарска екипа непосредно пред неговиот стенд-ап настап во кафулето Bruch Box Café во Прилеп.

Целото интевју моежете да го читате во продолжение!

Инфо-Прилеп: Од каде желбата и инспирацијата за занимавање пред се’ со комедија, а потоа и со стенд-ап?

Александар Георгиевски:Секој си има некој „издувен вентил“, а кај мене тоа е хуморот. Мислам дека од мал бев оној во друштвото што знаеше да се глупира и да ги насмее луѓето, сето тоа со интерни шеги. Публиката ме знае и како џе вижн, а тоа беше еден портал кои си го имав направено како хоби. На порталот главно пишував хумористични вицови и содржини и беше направен само за мојот најблизок круг, но кога видов дека тоа се шири и дека други луѓе од целата држава реков „Зошто да не се занимавам со стенд-ап комедија?’’ и така се „скрши мразот“  за моето занимавање со стенд-ап комедии.

Инфо-Прилеп:Поголем дел од публиката те препознава по тик-ток видеото кое е направено за прекинот со водоснабдувањето во Скопје и со исклучувањето на третиот блок во Рек Битола. Од каде идејата за тоа видео со оглед дека глумиш две девојки поранешни колешки од факултет каде едната живее во Битола, а другата во Скопје?

Александар Георгиевски: Ривалството помеѓу Битола и Скопје всушност е главниот виновник (се смее) за тоа видео. Сите луѓе сме горе-долу некаде исти и да не живееме со тие стереотипи на градски и на селски. Сите имаме проблеми, а градовите кои ги знаевме како убави, убави останаа само во песните.

Инфо-Прилеп: Марјан Георгиевски е исто твој ние би го нарекле колега стенд-ап комичар, а исто така и тој е од Битола. Дали помеѓу вас има натпревар односно конкуреција кој од вас двајцата е подобар во стенд-апот?

Александар Георгиевски: Некој ќе рече конкуренција и дека некој некого копира, поготово за мене дека помлад од Марјан ќе речат дека го копирам. Некој си мислат дека со Марјан сме роднини меѓутоа не сме. Сосема е случајо тоа што и двајцата се презиваме исто, а моето мислење за Марјан е сосема коректно и се’ најдобро што може да се каже. Марјан е еден од основоположниците на стенд-ап комедијата во Македонија. Марјан мене ми има доста помогнато и има доста голема почит према мене како негов помлад колега, а во секое време сака да помогне и да биде поддршка.

Инфо-Прилеп: Шро мислиш за неговата „Луда Куќа“ која што е доста позната во Македонија, а и во делови од соседна Србија?

Александар Георгиевски: Интересно и пред се уникатно сценарио. Марјан успеа во три-четрили лика да ги долови семејствата во Македонија и нивните секојдневни проблеми и среќи со кои живеат. Јас само ќе му се поклонам и ќе речам „Секоја чест’’ еден од многуте успешни проекти на Марјан.

Инфо-Прилеп: Дали ти како негов помлад колега се надеваш и сакаш во иднина да снимите стенд-ап видео за на социјалните мрежи, а и да направите заеднички стенд-ап настап?

Александар Георгиевски: Половина од работата е веќе готова. Јас сакам уште тој да сака и работата со тоа е наредена, секако доколку во иднина се пружат такви услови и на некаков начин ќе соработуваме, а мене тоа ќе ми биде навистина голема привилегија, чест и задоволство да ја делам сцената со него.

Инфо-Прилеп: Дали планираш твој стенд-ап настап да направиш во сала како што се салите од центрите за култура ширум Македонија?

Александар Георгиевски: Гледам да „растам“ чекор по чекор за да можам сам да ги полнам тие сали. Некоклу пати сум бил во сала и сум настапил но, сите тие настапи биле комбинација од два настапи каде што сум се појавил или сум бил еден вид на ворбап на мој колега, а најчесто тоа биле хуманитарни настапи. Се градам и растам се’ повеќе и повеќе со оглед на тоа што периодов работам со екипа и се надевам дека еден ден ќе стигнам до тоа ниво да настапаувам и сам да полнам сали.

Инфо-Прилеп: Дали во иднина планираш хумористични емисии на телевизија со оглед на тоа што во Македонија телевизијата е еден од највлијателните медиуми врз населението?

Александар Георгиевски: Спрема телевизијата немам одбивност но, досега не сум размислувал на оваа тема. Доколку се случи некоја таква понуда и се склопат коцките зошто да не, би ја прифатил понудата и би снимал стенд-ап видео комедии за на телевизија.

Инфо-Прилеп: За крај. Што би им порачал на нашите читатели?

Александар Георгиевски: На вашите читатели ќе им посакам пред се’ здравје и среќа, да читаат Инфо-Прилеп затоа што порталот со својата професионалност и вистинити информации кои се брзи точни и навремени е број еден портал во Прилеп и во пелагонискиот регион и да ги поддржуваат македонските артисити без разлика дали тоа се музичари, актери, стенд-ап комичари или било што друго.

Екипата на Инфо-Прилеп на Георгиевски му посакува здравје, среќа, љубов, многу успеси и уште многу стенд-ап настапи ширум Македонија.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...