Настанот ќе се одржи во кафе галеријата „Лувр“ во Прилеп...
На 14 февруари, од
19.30 часот во кафе-галерија Лувр, ќе се одржи петтиот по ред поетски
перформанс „Љубење со стихови“ на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска.
Станува збор за
настан кој вклучува поезија од Димкоски и Димоска, но и од македонски поети од
разни генерации и во секое издание поетите рецитираат различна поезија, според
мотивскиот и според авторскиот сензибилитет.
Овојпат, освен
стиховите на Лина и Филип ќе прозвучат и стиховите и на светските поети на
љубовта како Калил Џибран и Жак Превер, љубона поезија на Блаже Конески, на Билјана Велковска, како
и поезијата на прилепските автори Сузана
Ѓорѓиевска, Звонко Димоски, Далибор Ивановиќ, Андриана Ристеска и Цане Гарески.
„Покрај тоа, ќе ви
прочитаме дел од љубовните писма на големите уметници за нивните музи, ќе ве запознаеме со ликот и
делата на нашите омилени поети. Во име на виното и љубовта, се гледаме на
14.2.2025, во Лувр“-велат организаторите.
Настанот е од отворен тип и влезот е слободен.
#Локално

Коментари
Постави коментар