Пређи на главни садржај

Театарската комедија „Луда куќа“ на Драмската Секција „Слободно Театарче“ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Комедијата „Луда Куќа“ на Драмската Секција „Слободно Театарче“ на сцената од Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп...

Комедијата „Луда куќа“ на Драмската Секција „Слободно Театарче“ ќе биде прикажана на 25.02.2025 година (вторник) од 20 часот во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.

Комедијата „Луда куќа“ во фокусот ја става епската тема-мрзата, видена преку призмата на едно семејство кое се труди да ја искорени. Инспорацијата за комедијата на „Слободно Театарче“ е поттикната од македонското народно прозно творештво.

Од секцијата велат дека освен од мрзата, низ комични ситуации публиката ќе има можност од срце да се насмее низ други комични недостатоци на современото живеење, и се надеваат дека ќе успеат да ја збогатат перцепцијата за животот на театарската публика и дека истата ќе ја насмеат.

Текстот и режијата за комедијата на Драмсаката Секција „Слободно Театарче’’ насловена „Луда куќа“ се на Филип Стојаноски.Комедијата е под менторство на професорката по Македонски јазик и литература во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Биљана Тинтоска, а улогите во комедијата ги толкуваат Михаил Јорданоски, Марко Костадиноски, Марија Јовеска, Матеа Стојчевска, Тоше Тодороски, Христина Кулевска, Марија Стеваноска, Санџана Мефаилоска, Елена Илиоска, Теодора Димовска, Марија Поп-Антоска, Марија Котева, Михаил Тркалески кои всушност се’ ученици во училиштето и членови на драмската секција.

Инаку, во претставата улоги ќе толкуваат актерот Филип Стојаноски и Калина Гаралоска, ученичка во ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп. Техничката поддршка е под капа на Вилијам Спиркоски и Сара Павлоска.

Драмската Секција „Слободно Театарче’’ повеќе години работи во склоп на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп.

Младите актери-аматери на публиката и порачуваат да се смее и ужива, бидејќи смеата и уживањето се здравје.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...