Ана и Пеѓа имаат три деца...
Српскиот пејач Пеѓа Јовановиќ по втор пат се разведува од сопругата Ана со која има три деца. Според пишувањата на српските медиуми сопругата на Јовановиќ секогаш кога и да се појави во јавноста предизвикува внимание со незиниот извонреден надворешен изглед и убавина.
Како што пишува српски Гранд, сопругата на Јовановиќ поднела барање за развод поради тоа што Јовановиќ имал проблем со алкохолот.
Имено, Ана во една прилика за српските медиуми рече дека тие како брачен пар поминале низ многу тешки моменти и дека тоа биле лекции за односот помеѓу овој брачен пар.
„Јас и Пеѓа поминавме низ многу тешки моменти низ кои еден брачен пар може да помине, а тоа само ја зајакна нашата врска. Често во разговорите со мојата другарка велиме дека би направиле се да биде исто како порано, но ако можеме да го вратиме времето назад. Тоа беа лекции за нас со Пеѓа кои не научија на многу работи, и без кои нашиот однос сега не би бил ни прилично ист каков што е сега“-рече своевремено сопргата на Јовановиќ, Ана за српските медиуми.
Инаку, кога сме кај Пеѓа Јовановиќ, неодамна неговата српска музичка колешка-пејачката Душица Грабовиќ во емсија на телевизијата Гранд откри дека нејзината невиност ја изгубила токму со него.
„Со Пеѓа ја избугов невиноста. Пеѓа беше мојата прва љубов и првиот пречекорен љубовен мост“-рече Грабовиќ.
Грабовиќ во емисијата додава дека со Пеѓа и Ана се познавала 16 години, и била и на раѓањето на неговото дете, а поради него таа почнала да се занимава со пеење.
„Ана и Пеѓа ги познавам 16 години. Родени сме во ист град, а јас поради него почнав да се занимавам со пеење. Тој настапуваше во еден локал каде што јас излегував и одев со моите другарки и пријателки“-додава Грабовиќ.
#Естрада


Коментари
Постави коментар