Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Љубов и вино“
На 14.02.2025 година со почеток од 18:00 часот во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи поетско музичката манифестација насловена како „Љубов и вино“, а истата ја реализираат НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп и Клубот на литературни творци Прилеп.
Претседателката на Клубот на литературни творци од Прилеп вели дека манифестацијата стана традиција, а вечерта е посветена на љубовта и виното која веќе е традиција.
„Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, што стана веќе традиција. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и св. Валентајн, денот на вљубените“ - вели Ристеска.
Инаку, на манифестацијата со љубовна поезија ќе се претстават 25 поети од прилепскиот литературен клуб, а лирски музички звуци ќе презентираат ученици од ОМУ „Ордан Михајлоски - Оцка“-Прилеп.
#Култура

Коментари
Постави коментар