Пређи на главни садржај

По тринаесетти пат фестивалот на нова македонска музика „Земјотрес“ на 1 март во Младинскиот Културен Центар во Скопје (фото)

Во МКЦ по тринаесетти пат фестивалот на нова македонска музика „Земјотрес“...

На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗЕМЈОТРЕС, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за веќе докажани музичари да претстават дел од својата најнова продукција.

Годинава, фестивалот во МКЦ ќе понуди извонредна музичка програма на 20 музички изведувачи (бендови, соло музичари, продуценти и диџеи на електронска музика) на 3 сцени (сала 25 мај, фоајето на кино Фросина и МКЦ клуб). Единствен простор во градот кој може да вдоми во текот на една вечер 9-часовна музичка програма и прекрасна градска публика – безмалку две илјади посетители. 

На ЗЕМЈОТРЕС 13 ќе настапи дел од најмладата и надоаѓачка музичка сила на бендови, соло изведувачи и електронски музичари, некои од нив со прв настап во живо. Од младата генерација ќе се претстават: Tsar Von Time (Битола), Nikartik (Штип), Елена Васова (Скопје), Љубен Дерибан ака L.O.V.D (Скопје), LV$T (Скопје), Lost in Reverie (Скопје), Мартина Пенева (Скопје), Ruststained (Скопје)и Анастазија Голчева ака Speysd (Скопје).

Со неколку изданија зад себе, веќе добро познати на публиката ќе настапат и Martix (Кочани), Grinsen (Скопје) и Fiction (Скопје). Тука се и ветераните на алтернативниот инди психоделичен рок Д.Н.О. (Скопје) кои ќе се претстават со нов албум. Помеѓу веќе признаените музичари, програмата ќе ја надополнат и џез составите Светлост и триото АУМ од Скопје. За првпат на Земјотрес ќе настапи музичко-поетскиот проект на Оливер Митковски и Адреја Салпе Поетроника (Скопје), чии настап во живо е музичко-прозно-визуелно доживување. Тука се и добро познатите YÖU (Скопје) со посебен израз на емо, панк и хард кор.

Помеѓу претставниците на електронскиот звук ќе настапат и Виктор Апо и енергичните Петков и Мораитов од ОВЦ колективот со „back to back” сет од Скопје. И секако Нема Лабаво (Скопје) уште еден состав на музички ветерани, кои претходно членувале во бројни панк-рок состави, овој пат, водени од лидерот на бендот на Ѓоко Зафировски – Sean.

Кор тимот, кој стои зад ова издание на фестивалот се: Филип Тасевски, Виолета Качакова и Тејка Васиљевиќ.

„Фестивалот Земјотрес, кој има инди пристап на самоодржлива платформа, и зависи исклучиво од бројот на продадени билети, е единствен, не само во земјава, туку и во меѓународни рамки. Земјотрес е отскочна даска за најмладите музичари и им го трасира патот за понатамошен развој, видливост и можност за настапи на други фестивали. Земјотрес го започнавме пред 13 години заедно со Мирко Попов и во контекст на условите во кои функционира инди културата, за нас секое ново издание и континуитет значи успех. Затоа со голема љубов, ова издание му го посветуваме на Мирко, како човек кој неуморно работеше да создава нови простори за поддршка на домашната музичка сцена“, вели Тасевски.

Како мото на овој фестивал, организаторите искористија дел од песната „Последната битка” на Попов/ПМГ Колектив, во која се вели „и да се опстане е победа”.

„Она што е карактеристично за македонската алтернативна музичка сцена е квалитетот и наедно континуитетот, кој го бележи секоја нова генерација музичари, или како што ги нарекуваме „нови бранови”. Секој нов бран има автентичен израз. Поривот за творење во состојба на релативна препознаеност во јавниот дискурс и речиси непостоечка поддршка во процесот на продукција и издавање на музика, е победа. Постоењето на овој фестивал веќе 13 години е резултат на оваа вибрантна сцена, која публиката ја препознава и почитува и доаѓа да ја поддржи секоја година со масовна посетеност“, вели Качакова.

Солидарноста и соработката се основите двигатели на Земјотрес.

„Иако кор тимот е составен од тројца, самата реализација подразбира вложување на уште 20-тина луѓе, вклучени во координацијата, техничката поддршка и промоцијата на фестивалот, како и грижа за негова безбедна реализација. Тимски работиме и со изведувачите на фестивалот, кои придонесуваат секоја година да имаме квалитетна музичка програма. Сите заедно сме дел од инди авантурата и предизвикот да реализираме уште едно успешно издание, верувајќи дека публиката ќе го препознае и поддржи, бидејќи од неа зависи неговата реализација“, вели Васиљевиќ.

Загревање во пресрет на фестивалот ќе се случи на 22 февруари во ноќниот клуб „Минус Еден”, каде со диџеј сет ќе настапат најмладите надежи Мик и Петел Јаваше. Влезот е бесплатен, а настанот почнува во 21 часот.

Билетите по пристапна цена за целовечерна програма од 20 изведувачи изнесува 500 денари, со 600 денари на денот на настанот. Билетите се достапни онлајн на bileti.mkc.mk или на билетарата на МКЦ. Програмата започнува во 21 часот и ќе трае од 04 часот по полноќ.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...