Пређи на главни садржај

Со традиционалната изложба на маски започнаа чествувањата за празникот Прочка во Прилеп (фото)

Изложбата е поставена во ликовниот салон при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Со денешното отворање на традиционланата изложба на маски започнаа чествувањата за празникот Прочка во Прилеп. На изложбата можеа да се видат стотици убави маски кои беа изработени во различни техники. Традиционланата изложба на маски во Прилеп е од награден карактер, поставена е во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а граѓаните ќе можат да ја погледант во наредниве седум дена.

Хана Ајровиќ, ученичка во ООУ„Пере Тошев’’ во прилепско Десово вели дека нејзината маска ја правела две недели, дека немислела дека ќе освои награда и дека на изложбата учевствувала од шесто одделние.

„Маската ја започнав да ја правам пред две недели. Маската е направена од природни материјали како пердуви од гулаби, вуница, кора од дрво и слично. Маската ја правев сама и не мислев дека ќе освојам награда, а на изложбата учевствувам од шесто одделение.“ –вели Ајровиќ.

Матеј Тодоров, ученик во ООУ„Блаже Конески“-Прилеп вели дека за неговата маска се потрошени 2.500 филтри за цигари, тутун, тутунски конец и вуница. Тодоров со маската сака да кажи дека цигарите се штетни, но и да не се пушат толку многу цигари.

„За мојата маска се’ употребени 2.500 филтри за цигари, тутун, тутунски конец и вуница, а истата ја изработував две недели со помош на мајка ми. Со маската сакам да кажам дека цигарите се штетни, но и да не се пушат толку многу цигари. Ова ми е трет пат да добијам награда. Во седмо одделние зедов прво место, во осмо одделение зедов гран при награда и сега чекаме награда за иновација“-вели Тодоров.

Марина Калевска, наставничка во ООУ„Добре Јованоски“-Прилеп вели дека маската од ова прилепско основно училиште е доказ за големиот ученички труд и ученичка креативност.

„Упатуваме благодарност за освоената награда за категорија од прво до петто одделение, а овогодишната награда е за четврто одделние. Маската е доказ за големиот вложен труд на учениците за нивната креативност.“-вели Калевска.

Анита Јовеска, член на комисијата која ги оценуваше маските вели дека за да се избере победник навистина е тешка работа зашто, годинава имале голем број на маски кои прекрасно биле изработени и заслужуваат награда.

„Како и минативе години така и оваа имаме учесници од сите основни училишта од град Прилеп како и од неколку средни училишта. Оваа година учество на изложбава им дадовме и на најмладите, оние од градинките. Како и изминативе години така и оваа се доделуваат награди и тоа награди од прво до петто одделение, од шесто до деветто одделние, една маска за средни училишта. Годинава наградени се ученици кои имаат иновативни маски, а предноста е во рачно изработените маски.“-вели Јовеска.

Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп вели дека изложбата не се разбира како уметност и креативност туку како едно продолжување на традицијата.

„Ова не го разбираме како изложба  на уметност и креативност, туку како едно продолжување на традицијата. Сето ова дава впечаток дека Прилеп го заслужува традиционалиот ден, ден Прочка. Во оваа прилика ги поканувам сите на традиционалното карневалско дефиле кое ќе се случува на градскиот плоштад“-вели Јовчески.

Снежана Ристеска, советник за култура при Општина Прилеп вели дека карневлаското дефиле во Прилеп ќе го предводи традиционалната маска, прилепски Мечкари која што всушност е заштитен знак на прилепскиот карневал Прочка. Ристеска додава дека на централното карневалско дефиле ќе парадираат повеќе маски кои ќе ги покажат нивните кореографии со музика, а од страна на стручно жири ќе бидат доделени и награди.

„Карневалското дефиле ќе го предводи нашата традиционалната маска, прилепските Мечкари врз која е заснован и нашиот Карневал. Веднаш потоа ќе следуваат мажурките и сите остнати маски кои ќе парадираат до плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ каде што ќе ги видиме нивните кореографии со музика, а од страна на стручно жири ќе бидат доделувани награди.“-вели Ристеска.

Инаку, утре од 12:00 часот напладне на платото под градската саат кула во центарот на Прилеп по втор пат ќе биде презентиран стариот обичај „Амкање“, кој е предводен од членовите на здружението „Преродба“, а во недела со почеток од 12:00 часот напладне на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ ќе се одржи карневаот.

 

#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...