Пређи на главни садржај

Филип Димкоски и Лина Димоска со одличен настап на „Љубење со стихови“ (фото)

Поезискиот настан се одржа во прилепската кафе-гелрија „Лувр“...

По повод денот на вљубените и лозарите, Свети Валентај и Свети Трифун по петти пат се одржа настанот „Љубење со стихови“. Настанот се одржа синоќа во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп.

На настанот поезија од домашни и светски автори читаа Филип Димкоски и Лина Димоска, а исто така своја поезиска песна читаше и Цветанка Григорова, која песната ја напишала за нејзината баба.

Филип Димкоски вели дека поетското читање „Љубење со стихова“ годинава се одржува по петти пат, а тоа започнало во 2023 година токму во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп.

„Поетското читање насловено „Љубење со стихови“ се случува по петти пат, а тоа е од 2023 година кога започнавме тука во кафе-галеријата „Лувр“. Минатата година во Прилеп имавме две читања, а едно претставување на „Љубење со стихови“ имавме во Битола, и ова е нашето петто издание“-вели Димкоски.

Димкоски додава и дека едно од читањата се случува на денот на вљубените и лозарите, а датумите за негово одржуваат се спонатни, а според Димкоски читањата не секогаш се поврзани со некаков повод или пак, празник.

„Едно од читањата се случува на 14 февруари, на денот на вљубените и на денот на лозарите, но датумите за одржување на истото доаѓаат спонтано, некогаш е во месец август, а негогаш во месец октомври. Не секогаш е позвразно со некаков повод или пак празник“-додава Димкоски.

Лина Димоска вели дека дека прекрасно се чувствува и се надева дека настанот ќе прерасне во традиција.

„Прекрасно се чувствувам и драго ми е што повторно со Филип одлучивме да го оргазнизираме ова читање по повод денот на вљубените. Мината година организиравме исто така на овој ден, и некако се договоривме годинава повторно да го задржиме и да ни прерасне како некоја традиција. Драго ми е што секоја година имаме голем број на посетители.“-вели Димоска.

Димоска додаава и дека настанот е конципиран да се одржува на место каде што луѓето ќе можат да уживаат, да се напијат нешто и секако да уживаат во  поезијата која што е посветена токму на денот на вљубените.

„Засега не планираме настанот да го одржуваме во големи сали зашто самиот концепт на настанот не е класичен, туку истиот е замислен каде љуѓето ќе слушаат поезија и ќе се напијаат нешто, а пред се’ да уживаат во самата атмосвера. Ниту еден настан не е планиран неколку месеци однапред, сите настани се случуваат спонтано. Чувствуваме дека има потреба нештото да го направиме и го правиме“-додава Димоска.

Имено, на настанот песни на поезија се читаа од авторите Цане Гарески, Сузана Ѓеоргиевска, Кочо Рацин, Блаже Конески, Биљана Велкоска, Далибор Ивановиќ и Звонко Димоски, а на истиот присутен беше и самиот Цане Гарески.

Инаку, на настанот присутна беше и претседателката на советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, која што исто така прочита поезиска песна од Ана Бунтеска, а на крајот Филип и Лина беа наградени со убав и милозлив аплауз.


#Култура



Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...