Пређи на главни садржај

Театарската комедија „Луда Куќа“ на Драмската Секција „Слободно Театарче“ одиграна во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Театарската комедија „Луда Куќа“ се одригра во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп...

Во прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“ синоќа беше одиграна театарската комедија „Луда Куќа“. Претставата ја играа актерите-аматери кои се членови на Драмската Секција „Слободно Театарче’’ која работи во склоп на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп.

Билјана Тинтоска, ментор на драмската секција и професор по македонски јазик и литература во училиштето вели дека претставата ја подготвувале скоро два месеци , а со театарската комедија ја пренесуваат пораката за тоа какво треба да биде општеството и какви треба да бидат луѓето кои не опкружуваат.

„Претставата „Луда Куќа“ ја подготвувавме од крајот на првото полугодие, а за време на зимскиот распуст направивме кратка пауза, и кога започнавме со работа во второто полугодие претставата интензивно ја подготвувавме. Генерално нашето народно фолклорно творештво е база за народната мудрост и менталитет, култура, традиција и обичаи, а во драмата фокусот е ставен на мрзата, појава која што и денеска е мошне актуелна. Со претставата ја прнесуваме пораката за тоа како треба да биде општеството и какви треба да бидат луѓето кои не опкружуваат“-вели Тинтоска.

Тинтоска додава и дека Драмската Секција „Слободно Театарче“ која работи во склоп на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп била основана од нејзина страна пред 25 години.

„Малдите сакаат да гледаат театарски претстави. Драмската Секција „Слободно Театарче“ кое работи во склоп на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп јас ја основав пред точно 25 години, значи годинава таа одбележува 25 години од постоењето“-додава Тинтоска.

Филип Стојаноски, координатор на Драмската Секција „Слободно Театарче“ вели дека претставата е лесен хумор  и покажува хаотично семејство кое има непоканети гости, случај кои се случува кај 90% од македонските семејства. Според Стојаноски, претставата е производ на сите учесници во истата.

„Претставата е лесен хумор, кои покажува едно хаотично семејство кое што има непоканети гости, случај кои се случува кај 90% од македонските семејства.  На лицата од публиката треба да намамиме смеа, а истата не треба да биде многу тешка и да нема многу размислување, туку да се ужива во времетраењето на гледањето на претставата. Целата преставата е производ на сите учесници во истата“-вели Стојански.

Михаил Јордансоки, член и претседател на Драмсаката Секција „Слободно Театарче“ вели дека во претставата ја игра улогата на татко, и додава дека младите сакаат да гледаат евтини комедии.

„Во претставата „Луда Куќа“ ја играм улогата на татко кој се враќа од работа и се обидува да ги доведе работите во семсјтвото во ред.  Младите сакаат да гледаат евтини комедии, а од публиката имамвме огромно барање да направиве театарска комедија“-вели Јорданоски

Имено,  најновата претстава на Дрмската Секција „Слободно Театарче“ е по текст и режија на Филип Стојаноски, а под менторство на професорката по македонски јазик и литература во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Билјана Тинтоска.

Во преставата играат актерите-аматери и членови на Драмската Секција „Слободно Театарче“ , Михаил Јорданоски, Михаил Тркалески, Христина Кулеска, Матеа Стојчевска, Марко Костадиноски, Тоше Тодороски, Марија Јовеска, Христина Кулеска, Теодора Димовска, Санџана Мефаилоска, Елена Илиоска, Марија Котева, Филип Стојаноски и Калина Гаралоска која што беше гостин актер-аматер од ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп.

Техничката поддршка за театарската комедија „Луда Куќа“ беа на Вилијам Спиркоски и Сара Павлоска.

Инаку, салата во прилеспкиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп беше претесна да ги собере љубителите на театарот, а смеата кај театарската публика беше неизбежна.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...