Пређи на главни садржај

Јубилеј за почит! Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп одбележува 75 години постоење (фото)

Со „Недела на театарот“ ќе се одбележи 75 годишнината од основањето на прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп...

На 18 февруари 2025 ќе се одбележат 75 години од формирањето на Театарот „Војдан Чернодрински“. По повод годишнината од 17 до 23 февруари,  ќе се реализира манифестацијата насловена „Недела на театарот“ во која ќе бидат прикажани  седум претстави и ќе се одржи панел дискусија „Од Кир Јања„ до „Ученикот“. Освен претставите „Ученикот“ и „Бура“  од театарот „Војдан Чернодрински“ прилепската публика ќе ги проследи гостувањата на Театарот за деца и младинци со претставата „Роња“, театарот „Златен елец“ со претставата „Хинкеман“, Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ со претставата „Вечера за глупаци“, Битолскиот Театар  од Битола со претставата„Кокошка“ и  МТЗ со претставата „Чернодрински се враќа дома“.

Театар „Војдан Чернодрински“ низ децениите растејќи, развивајќи  се преку претставите отвораше вистински прашања,  коментираше, просветлуваше, возбудуваше, откриваше, воспоставуваше систем на вредности, брануваше. Така е и сега, но и ќе продолжи во таа насока, бидејќи како што велат актерите тоа што го работат го работат со љубов и посветеност и покрај неповолните услови за работа во старата веќе постоечка театарска зграда.

Првата премиера на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ е „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Досега театарот прикажал околу 350 премиери со над  7000 претстави кои ги гледале над 1,7 милиони луѓе.

Режирале 70 режисери, од кои најмногу, дури 62 претстави биле потпишани од Благоја Дамески, потоа 24 од Коле Ангеловски, и од поновата историја, 15 претстави режирал  Кирил Петрески. Најмногу од авторите е поставуван Њушиќ, 15 пати, од кои три пати „Нажалена фамилија“.

Во седумипол децениското опстојување, најгледаната претстава во театарот „Војдан Чернодрински“ е „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, премиера во 1984 година, изведена над 110 пати. Веднаш по неа е  „Од кол на кол 1“(2007/2008), исто во режија на Коле Ангеловски.

 Најголем успех театарот го постигна со „Тапани во ноќта“, режија Мартин Кочовски, со која  освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“(2009).Исто така „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски, во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот Екс Понто во Љубљана, Словенија, а потоа и за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Во мометов театарот работи по капа на НУЦК„Марко Цепенков“.

Театарот „Војдан Чернодрински“ низ годините  на сцената поставуваше праизведби на текстови од македонски драмски автори. Низ летописот на театарот е забележано дека првиот драмски текст од македонски автор игран на сцената е „Бегалка“ во режија на Аце Михајловски, реализиран уште првата година од постоењето на театарот, текст кој што бил поставуван уште неколку пати. Праиведби доживеале и драмските текстови од Коле Чашуле, Томе Арсовски, Блаже Алексоски, Благоја Ристески-Платнар, Трајче Крстески, Василе Димески, Петар Петрески и други. Биле поставувани пиеси од Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Блаже Миневски, Никола Јонков Вапцаров, Живко Чинго, Братислав Димитров, Бранко Илиески.

Театарот „Војдан Чернодрински“ низ годините освоил повеќе награди на МТФ „Војдан Чернодрински“. Минатата година се закити со наградата од публиката за претставата „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска. Преходно  претставата „Клетници“ во режија на Мартин Кочовски, беше прогласена за најдобра (2018). „Љубовни пози на историјата“ во режија на Наташа Поплавска се закити со наградата за колективна игра(2017). истата награда во 2015 година беше освоена со претставата „ Сон на летната ноќ“ во режија на Нела Витошевиќ.

Во 2013 година „Змејовата невеста„ во режија на Нела Витошевиќ беше прогласена за најдобра претстава во целина, а во 2010 година„Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски. Тетаарот „Војдан Чернодрински“ беше победник на МТФ и во 2009 година со „Тапани во ноќта“ во режија на Мартин Кочовски. Во 1998 година престижната награда и беше доделена на претставата „Полковникот птица“ во режија на Владо Цветановски, а во 1972 година на „Цена“ во режија на Ацо Алексов.

Првата награда освоена на МТФ „Војдан Чернодрински“ е во 1970 година за претставата „Од главата си патиме“ во режија на Ацо Алексов.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...