Пређи на главни садржај

Нов светски успех - STEP на нашиот Galoski меѓу 10-те најпуштани траки од диџеи во светот

 Македонскиот диџеј и продуцент Galoski бележи нов голем меѓународен успех...

Неговото најново издание STEP се најде на место broj 9 меѓу 10-те најпуштани траки од други диџеи во светот во изминатиот месец, според податоците на 1001Tracklists.

На глобалната листа STEP се најде во друштво со изданија од Swedish House Mafia, MEDUZA, Cloonee, Prospa, Adriatique и други актуелни имиња од светската електронска сцена.

Ова е уште позначајно бидејќи STEP е независно издание објавено преку Side Effects, новата издавачка куќа на Galoski. Во август тој објави две нови изданија - STEP и Come Closer, со кои го започна новото поглавје на сопствената издавачка куќа.

Зад најновиот резултат стои и исклучително активно лето за Galoski. Неговата музика се вртеше во сетови и радио емисии на David Guetta, Swedish House Mafia, Armin van Buuren, Martin Garrix, Dimitri Vegas & Like Mike, Fedde Le Grand, Nicky Romero и многу други, со што продолжи поддршката што тој ја добива од дел од најголемите имиња во електронската музика.

Неговата музика ова лето се слушна и на Tomorrowland, со што Galoski втора година по ред има свои траки пуштени на еден од најголемите фестивали за електронска музика во светот.

Но, со ова не завршува активниот период - веќе на 11 септември, тој има најавено ново издание за Smash The House, светски познатата издавачка куќа на Dimitri Vegas & Like Mike, додека уште едно ново издание е планирано за октомври 2026.

Последните резултати се продолжение на повеќе од 20 години континуирано присуство на Galoski на електронската музичка сцена. Низ годините тој има објавувано музика за меѓународни издавачки куќи, неговите изданија редовно се наоѓаат во сетовите на водечките светски диџеи, а претходно беше вброен и меѓу 100-те најподдржувани артисти во електронската музика во светот според 1001Tracklists.

Со #9 позицијата на STEP, двете августовски изданија, присуството на Tomorrowland и новата музика која следува во септември и октомври, Galoski продолжува со силно меѓународно присуство и во 2026 година.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...