Пређи на главни садржај

Концерт на класична музика „Гласилски“ утре во Прилеп

 Концертот ќе се одржи во ликовниот салон од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп...

Концерт на класична музика „Гласилки“ ќе се одржи на 3.09.2026/ четврток/ од 19:00 часот (чртврток) во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“. Ќе настапат: СОФИЈА НИКОСКА МАЏАРОСКА – ВИОЛИНА и  ЕЛЕНА ЃОРГИЕВСКА – ВИОЛИНА

Програма:

Јохан Себастијан Бах:

Двогласна инвенција – 1 BWV 772

Двогласна инвенција – 15 BWV 786

Двогласна инвенција – 2 BWV 773

Двогласна инвенција – 8 BWV 779

Двогласна инвенција – 13 BWV 784

Двогласна инвенција – 9 BWV 780

Двогласна инвенција – 4 BWV 775

Марјан Јанкоски:

Пастирско (за две виолини)

Р. Е. Глиер:

Дуети за две виолини (оп. 49)

Дует 11 – Cantabile

Дует 10 – Con moto

Дует 5 – Vivace

Дует 9 – Andante

Марјан Јанкоски:

Два цвета

Г. Ф. Хендл / Ј. Халворсен:

Пасакаља

Податоци за уметниците:

Виолинистката Софија Никоска Маџароска е родена 1991 година во Прилеп. Своето музичко образование го започнува во родниот град, средното музичко образование го заокружува во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј” во Скопје, и на 15 годишна возраст станува најмладиот бруцош на ФМУ во Скопје, каде дипломира со највисока оценка CUM LAUDE во класата на проф. Олег Кондратенко, а покасно таму и магистрира. Своето понатамошно усовршување го продолжува како студент на Кралската школа „Queen Sofia College of Music ” во Мадрид, каде шест години студира во класата на светски реномираниот проф. Захар Брон. Како стипендист на фондацијата "Albeniz", студирајќи во оваа високо реномирана музичка школа, успешно реализира бројни настапи низ Шпанија- како солистички, така и како дел од камерни состави под менторство на професорите Хајме Мулер и Марта Гулијаш.

Софија е добитник на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Учесник е на многубројни семинари на врвни музички уметници. Моментално живее и делува во Македонија. Со педагошката дејност се занимава реализирајќи семинари по виолина, и како професор по виолина, камерна музика, методика на наставата по виолина на УГД - Музичка Академија во Штип во периодот од 2018-2024 година.

************************

Елена Ѓоргиевска е родена 1991 година во Пробиштип. Своето основно музичко образование го стекнува во родниот Пробиштип (кај наст. Јулијана Заовска) и Гевгелија (кај наставник Марија Спасовска). Средно музичко училиште завршува во Штип во класата на наст. Борјанка Трајкова, а дипломира на ФМУ при УГД-Штип (во класата на проф. м-р Олег Кондратенко и Владимир Крстев). Своите магистерски студии по виолина ги завршува исто на МА во Штип (во класата на проф. м-р Софија Никоска Маџароска).

Од 2010 година станува редовен член на музичкиот состав „Портал“ (2002) како изведувач на виолина и вокал, со кој има снимено: две ЦД изданија „Песни на вевчанската душа“ и „Рожба (во издание на DDQ Production); видео изданието „Радост моја Христос воскресе!“ (во продукција на МРТВ), како и многу други засебни студиски аудио композиции со родољубива, филмска, фолклорна, класична и духовна православна тематика кои се присутни постојано во музичкиот етер. Со овој состав, настапувала скоро на сите домашни значајни музички манифестации.

Работното искуство како наставник по виолина го има стекнато во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип (2014-2018), а во моментов работи како наставник во ООМУ „Стефан Гајдов“ во Велес каде што се истакнува со високи резултати во педагошката дејност со учениците од нејзината класа.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...