Пређи на главни садржај

Вечерва концерт на Драган и Ратко Даутовски во Прилеп

 Концертот е на летната сцана од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп...

На 2.09.2026 година  (среда) од 20:00 часот на летната сцена на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на Драган и Ратко Даутовски. Влезот е слободен. Концертот е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Податоци за изведувачите:

Проф. д-р Драган Даутовски е роден на 21.11.1957 година во с.Русиново.Потекнува од работничко семејство, кое на негова петгодишна возраст се преселува во Берово, каде што го завршува основното образование.

Средно музичко училиште учи во Штип, за веднаш по звршувањето да се запише на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек музичка теорија и педагогија. За време на студиите пројавува голем интерес за Македонскиот музички фолклор, а веднаш по дипломирањето се вработува како професор по музичка култура. Како резултат на неговата работа на полето на фолклорот настанува детското фолклорно студио “Детелинки”, кое едно време активно работи и во ансамблот “Танец”. Во 1992 год. го оформува ансамболт од народни инструменти “Миле Коларовски” со кој настапува на голем број фестивали и манифестации во земјата и надвор од неа. Со неговата работата со овој ансабл и пошироко на полето на фолклорот, отпочнува големата ренесанса на изворната музика во Р. Македонија. Даутовски учествува во голем број проекти.

Партиципира во изработката на музиката за филмот “Пред дождот”, значаен е неговиот авторски проект “DDSynthesis”,пишува музика за театарски претстави (“Македонска приказна”, ”Јонадаб”, ”Писание”,Зверињак” и др.), музика за кореографски постановки во ансаблот “Танец” (“Џамала” и “Старо тешко”).Музика за Филм (“Ноќ спроти Василица”). Неговиот творечки опус изнесува над 600-тини композиции. Последната деценија со неговиот квартет е неуморен промотор на Македонската музичка култура на бројни фестивалски сцени насекаде во светот: Холандија, Русија, Италија, Франција, Португалија, Германија, Полска, Белгија, Грција, Црна гора, Словенија, Бугарија, Франција, Австрија, Африка, Куба, Украина, Америка, Кина и др. Во својата долгогодишна кариера проф. д-р Драган Даутовски настапувал и со голем број музичари и аасамбли од целиот свет.

Д-р Драган Даутовски е редовен професор на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, каде што предава народни инструменти, музички фолклор и изведувачка техника на орфов и народен инструментариум. Како педагог во изминатите години има остварено голем број настапи со студентите од неговата класа и иницијатор е за отварање на отсек за народни инструменти во средните музички училишта во Скопје и Штип и во основните музички ушилишта во Струмица, Штип, Прилеп, Кавадарци, каде што предаваат професори дипломирани во неговата класа. Се поголемиот интерес кај студентите за овој отсек, говори дека проф. Даутовски во изминативе 25 години на педагошки и уметнички план, мошне успешно ја актуелизира и промовира уметничката вредност на македонскиот фолклор.

Научни трудови и истражувања : ”Формално-ритмичките карактеристики на изворната песна Маце Мариче”, ”Орнаментите во традиционалната музика во Р.Македонија”, ”Тамбурата во Македонија”, ”Кавалот во Македонија”- магистерска тема. “Топчестата глинена флејта од Македонија, праисториски музички инструмент”-докторска дисертација.

****

Ратко Дaутовски, rоден 05.12.1981 година во Скопје е еден од најдобрите и најактивните македонски перкусионисти, познат по неговата изградена естетика, богат репертоар и изведувачка техника. Како музичар, уште од најрана возраст целосно е посветен на истражувањето на богатата мело- ритмичка структура пред се на Македонската традиционална музика, но и богатството од ритми кои се белег на светското културно наследство. Неговите родители кои се професионални музичари го охрабруваат и имат голем придонес за рагањето на неговата страст кон музиката. Ратко го започнува своето музичко образование на возраст од седум години во Музичко- балетскиот училишен центар "Илија Николовски Луј", (1988-1999) и продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек традиционални инструменти и музичка теорија и педагогија. Покрај редовното музичко образование тој добива континуирана обука од неговиот татко проф. д-р Драган Даутовски, кој се смета за важна фигура на македонската и балканската музичка сцена. Ратко Даутовски од 1999год. е редовен член на

Драган Даутовски квартет, една од најдобрите и интернационално признати групи.

Има настапувано во Холандија, Германија, Португалија, Израел, Русија, Полска, Турција, Украина, Шведска, Австралија, Белгија, Црна Гора, Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Велика Британија и т.н. Денес соработува со многу светски музичари, ансамбли, а како автор и изведувач учествува и во голем број театарски и филмски проекти во Македонија и надвор од неа.

Ратко Даутовски е редовно вработен како музичар-изведувач во оркестарот при НУ “Танец”,а од 2023 е редовен член на интернационално реномираниот “Васил Хаџиманов Бенд“.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...