„Оди си“ е новото музичко парче на Бојана Скендеровски...
Македонската поп-пејачка Бојана Скендеровски го претстави
својот нов сингл „Оди си“ – песна со модерен звук, многу енергија и
препознатливата емоција на Бојана.
Музиката
и текстот се дело на Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот го
потпишува Димитар Андоновски. „Оди си“ е динамична женска песна со став и
темперамент, создадена да се пее и да се игра.
„Навистина сум среќна што во последно време некако
ненамерно излегуваат „женски песни“ иако тоа не би било намерата. Веројатно „Не
сум ти ни мајка“ е нешто што ние жените често пати си го кажуваме за партнерите
кога сме лути, така да веројатно момците треба да размислуваат на стихот „Не
сум ти ни мајка“. Песната е едно ново модерно музичко парче од мене“-вели Бојана
Скендеровски, музичар.
Имено, видеоспотот за „Оди си“ на
Скендеровски е снимен во
Тирана, Република Албанија, а од нејзиното објавување пак, се до денес песната
има над 170 гледања и слушања и над 10 убави коментари на социјалната мрежа
Јутуб каде што впрочем е поставена истата.
Христијан Ангелески

Коментари
Постави коментар