Меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“ се одржува на 14 август (петок) и 15 август (сабота) во Прилеп...
Фолклорот
е збир на народни песни, игри, ора, танци, хумор, а денес напалдне во фоајето
од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп со официјална прес-конференција
беше најавен Меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“ кој викендов за прв
пат се одржува во градот под Марковите кули-Прилеп.
Горан
Василески од КУД „Мирче Ацев“-Прилеп кои се организатори на фестивалот „Итар
Пејо“ во Прилеп за медиуми вели дека го избрале ликот и делото на Итар Пејо
како фолклорен лик од Македонија, како симбол на итроштина и преку кои кожат да
го продолжат и негуваат македонското културно наследство.
„Го избравме ликот и делото на Итар Пејо како фолклорен
лик од Македонија, како симбол на македонската итроштина и како тој маките и
секојдневието ги пренесувал преку шегата. Ова е еден начин како да продолжиме
да го негуваме македонското културно наследство. Преку фолклорот да покажеме
дека културното наследтсво не е нешто што стои заклучено и што има само еден единствен
начин за да го пренесеме. Младите да продолжат да го негуваат културното богатство
со кое располага Македонија“-вели м-р
Горан Василески од КУД„Мирче Ацев“-Прилеп, организаторите на фестивалот.
Претставникот
на фестивалот Елена Николоска на прес-конференцијата рече дека годинава на
фестивалот ќе има настапи на реномирани фолклорни ансамбли и друштва од Полска,
Словачка и Македонија.
„Годинава имаме можност да ги проследиме настапите на
реномираните фолклорни ансамбли и друштва од Полска и Словачка и четири Културно
уметнички ансамбли од Македонија, а тоа се:
Културните ументнички друштва „Илинден“ од Струга, Кривогаштани и Демир
Хисар и фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци. Годинава поради технички причини
фестивалот мораше да има помалку учесници, но од наредната година имаме во план
тематски да го прошириме фестивалот“-рече
Елена Николоска, претставникот на фестивалот.
Дејан
Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп изјави дека фестивалот ја
збогатува културната сцена во Прилеп и тој ќе биде домаќин на уметници и
ансамбли од различни земји.
„Со гордост го најавуваме првиот Меѓународен фолклорен
фестивал „Итар Пејо“. Фестивалот ја збогатува културната сцена на Прилеп, кој
ќе биде домаќин на уметници и ансамбли од различни земји. Ова е нова сцена за
културна размена, која ги поврзува народите и создава нови пријателства. Со
фестивалот „Итар Пејо“, Прилеп станува место каде што се чува културата и се
споделува со светот.“-изјави
Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.
Марко
Велевачковски дел од организацијата на фестивалот кажа дека на првото издание
на Меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“ има вкупно седум учеснички
групи од кои две од странство, а четири од Македонија, вклучувајќи ги и
хумористичните настапи на Културното уметничко друштво „Преродба“ од Прилеп.
„На првото издание од Меѓународниот фолклорен фестивал
„Итар Пејо“ имаме вкупно седум групи учеснички од кои две се од странство, една
од Полска и една од Словачка. Имаме и Културно уметнички друштва од Македонија и
тоа од Струга, Демир Хисар, Кривогаштани и Кавадарци. На двете фестивалски
вечери ќе учествуваат и Културното уметничко друштво „Преродба“ од Прилеп со
неколку хумористични точки. Секако како организатор „Мирче Ацев“ ќе земе
учевство со што и ќе ја започне и ќе ја заврши и првата и втората фестивалска
вечер.“-кажа Марко Велевачковски
од организацијата на фестивалот.
Се
разбира фестивалот не би бил целосен без анимација на ликот Итар Пејо, а аниматор
и водител на двата фестивалски денови (петок и сабота) ќе биде актерот од прилепскиот
Нроден театар „Војдан Чернодрински“, Игор Трпчески.
Инаку,
првата фестивалска вечер се одржува на отворено пред споменикот на Итар Пејо во
близина на прилепската градска саат кула, а вторатата фестивалска вечер ќе се
одржи во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп за која
ќе има влезници кои имаат симболична цена од 100 денари.
Фестивалот
е под покровителство на Општина Прилеп и Центарот за култура „Марко
Цепенков“-Прилеп, а истиот е поддржан од повеќе прилепски фирми и
претпријатија.
Христијан Ангелески
#Фестивали



Коментари
Постави коментар