Пређи на главни садржај

ПЕТ ВЕЧЕРИ, ПЕТ БЕНДОВИ И ДЕСЕТ ДИЏЕИ: AERO STREET FOOD FESTIVAL 2026 СО ФЕНОМЕНАЛНА МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА!

 Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче" ќе пулсира во ритамот на македонската музиката во живо, диџеј-сетовите, гастрономските натпревари и специјалните трибјути посветени на Владо Јаневски и ДНК...

Од 4 до 8 септември 2026 година, паркот „Авионче" повторно ќе стане највкусната и најразиграната точка во Скопје. Второто издание на AERO Street Food Festival носи пет фестивалски вечери исполнети со улична гастрономија, концерти, диџеј-сетови и интерактивна забава за публиката.

Под мотото „Поголем, позвучен и поразновиден!", фестивалот годинава подготвува богата музичка програма. Секоја вечер на сцената ќе настапуваат по еден бенд и по двајца диџеи.

„AEROStreetFoodFestival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче" ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна"  изјави Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром.

Пред публиката ќе се претстават бендовите South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, носејќи различни музички стилови и енергија за сите генерации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во познати домашни и светски хитови, изведени во живо и во препознатливите аранжмани на секој од бендовите.

За атмосферата пред и по концертните настапи ќе се погрижат Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше", DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и диџеите од Sure Shotz, со по два диџеј-сета во текот на секоја фестивалска вечер.

Особено емотивно и музички моќно ќе биде големото финале на 8 септември, кога фестивалот ќе заврши со вечер посветена на две македонски легенди.

Acoustic Division ќе приреди специјален трибјут посветен на Владо Јаневски, додека диџеите од Sure Shotz ќе ја заокружат програмата со посебен музички трибјут посветен на ДНК. Последната фестивалска вечер ќе биде прослава на песните што оставија силна трага во македонската музичка историја и кои публиката ги пее од првиот до последниот стих.

„Како и секоја година, остануваме посветени на македонските изведувачи и домашната музика. Во текот на петте фестивалски вечери, публиката ќе ужива во богата музичка програма, врвна улична храна и бројни забавни предизвици. Веруваме дека AERO Street Food Festival и годинава ќе понуди незаборавно урбано доживување за сите генерации", изјави Владимир Темелковски, еден од организаторите на фестивалот.

Забавата, сепак, нема да се одвива само на музичката сцена. Секоја вечер посетителите ќе можат да учествуваат во натпревари во брзо јадење, квизови со прашања и одговори, како и во други забавни фестивалски предизвици водени од Бомбакис. Најхрабрите и највештите учесници ќе имаат можност да се натпреваруваат пред публиката и да освојат интересни награди.

Фестивалот веќе втора година по ред ја има клучната поддршка од Општина Аеродром, која уште од почетокот ги препозна вредностите на фестивалот и неговото значење за локалната заедница. А од годинава поддршка дава и Град Скопје, придонесувајќи кон збогатување на културната, забавната и гастрономската понуда на градот. Со афирмацијата на домашната музика, локалните гастрономски брендови и урбаната фестивалска култура, настанот прераснува во нова септемвриска традиција во Скопје.

Од добра храна и музика во живо до натпревари, дружење и незаборавни трибјути – од 4 до 8 септември, паркот „Авионче" ќе биде местото каде што Скопје ќе јаде, ќе пее и ќе се забавува заедно.

Финалето секогаш се игра во Аеродром!


#Магазин


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...