Џамбазов: Идејата беше песната секој понеделник да ја има на радио...
„Понеделнички“
е новата песна со која Дарко Гроздановски се враќа на музичката сцена по
тригодишна пауза. Музиката и текстот ги потпишува Игор Џамбазов, а песната носи
брза, разиграна и љубовна приказна за едно срамежливо момче и девојката во која
е вљубено.
„Песната е моја авторска, но ја пее Дарко Гроздановски.
Тој е еден талентиран млад пејач од Битола кој ми се допадна и ме „купи“ од
прва. Песната е добро прифатена, а спотот одлично поминува. Секој понеделник ја
има на радио станиците што всушност тоа ни беше и идејата. Дарко е еден од оние
што ќе бидат следните ѕвезди на македонската пејачка сцена, едно преталентирано
дете што за мене е чесно умно и чисто дете. Му предвидувам светла иднина“-вели Игор
Џамбазов, за песната „Понеделнички“.
Инаку, песната е проследена и со интересен видео спот во
кој директно е интригиран и во кој се појавува самиот Џамбазов.
Христијан Ангелески

Коментари
Постави коментар