Пређи на главни садржај

Пејачката Александра Пријовиќ со сопругот и децата не ја пуштиле во ресторан во Хвар. Хостесата со вирално видео на Тик-Ток

Хостесата на Пријовиќ и Живојиновиќ им рекла дека за време на ручекот и вечертата во ресторанот не пуштаат гости кои немаат намера да јадат незнаејќи дека пред неа стои позната пејачка...

Пејачката Александра Пријовиќ летово има работен распоред, но слободното време го користи за одмор со семејството и уживање на Јадранот. Една од дестинациите што ја посетила била и хрватскиот остров Хвар.

Сепак, за време на престојот во Хвар се случила една необична ситуација, која набрзо стана хит на социјалните мрежи.

Имено, хостеса која работи во еден од познатите ресторани на Хвар објави видео на Тик-Ток во кое откри дека неодамна, не знаејќи кого има пред себе, на сопругот на Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ, му кажала дека не можат да седнат во ресторанот само на пијалок.

Како што објаснила хостесата, во ресторанот за време на ручек и вечера примале само гости кои имаат намера да јадат, а не оние кои сакаат само да се напијат нешто.

Хостесата раскажала дека пред ресторанот пристигнал „фин господин“ со сопругата и две деца. Филип ѝ се обратил со прашање дали можат само накратко да седнат на пијалак, но таа веднаш им одговорила дека тоа не е дозволено во тој период.

„Добро, можеме ли само да се напиеме нешто? Кратко ќе седиме, нема да се задржуваме долго“-ѝ рекол Филип.

Хостесата, пак, му одговорила дека во тој момент е време за вечера и дека за пијалок можат да посетат некој од кафулињата во близина.

„Жената ме погледна и ми се стори како да е лута. Подоцна дознав дека тоа всушност била Александра Пријовиќ“-раскажала хостесата, која дури тогаш сфатила кого одбила.

Откако дознала дека пред неа стоела познатата пејачка, хостесата јавно ѝ се извинила и ја поканила повторно да дојде.

„Прио, те молам, дојди утре на пијалак. Јас ќе ве честам. Дојдете кај мене и понесете ги децата, те молам!“-ѝ порачала хостесата на Пријовиќ преку видеото на Тик-Ток.

На нејзиното извинување, Александра Пријовиќ веднаш одговорила, а нејзината реакција дополнително ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

„Хахаха. Не се налутив! Се гледаме во некоја друга прилика. П.С. Јас честам!“- напишала Александра под видеото од хостесата.

Инаку, видеото за кратко време стана вирално на Тик-Ток, а корисниците масовно ја коментираат целата ситуација и реакцијата на пејачката.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...