Песната е музички хит на радио и тв програмите...
Пејачот и
кантавтор Александар Тарабунов – Тара ја оживеа култната македонска песна „Прва
љубов“, која за првпат ја отпеал неговиот татко Ванчо Тарабунов во 1973 година
на Скопскиот фестивал.
Новата
верзија носи современ звук, но ја задржува емоцијата и духот на оригиналот.
Музиката и аранжманот се дело на легендарниот Драган Ѓаконовски – Шпато, а
текстот е на Благоја Стефановски. Со оваа преработка, Тарабунов му оддава почит
на својот татко и на богатото македонско музичко наследство.
„Песната ми е многу драга, бидејќи јас на татако ми му
најдов цел албум во тие години каде што работеле со биг бендот, Со колеги од
биг бенд оркестарот тогаш имале големи компизтори кој што пишувале сериозни и
светски теми. Еден од нив е и Драган Ѓаконовски-Шпато кој ја има направено
музиката и го има направено аранжманот за „Прва љубов“. Песната ми се допадна
бидејќи има рефрен како „Ај лав ју бејбе“.Кога ја слушнав „Прва љубов’’ реков
дека морам да ја преработам“-вели Александар Тарабунов, пејач и музичар.
„Прва
љубов“ е објавена во август 2026 година и веќе го привлекува вниманието на
љубителите на македонската музика и често се пушта на радио и телевизиските
програми.
Христијан Ангелески
#Естарада

Коментари
Постави коментар