Без аудиции и приемни испити – доволни се желбата за музика, ентузијазмот и љубовта кон свирењето или пеењето...
Ентерпрајз е единственото рок училиште во Македонија, кое во изминатите две децении има низ своите простории повеќе од 1.500 ученици.
Наставата во Ентерпрајз се одвива во групи во кои се изучуваат соло пеење, гитара, бас гитара, тапани и клавијатури, со можност за комбинирање и паралелно изучување на повеќе сегменти.
За да станете дел од големото и насмеано семејство на Ентерпрајз, доволно е да имате желба за свирење или пеење – а може и двете.
Ентерпрајз работи според филозофијата дека секое дете е талентирано за музика, но потребно е некој да го насочи и охрабри. Затоа во училиштето нема аудиции и приемни испити.
Тимот на Ентерпрајз верува дека учењето музика треба да биде весел и забавен процес, кој најлесно се реализира доколку учениците го свират или пеат она што го сакаат. Токму затоа, уште од самиот почеток тие имаат можност да ги изберат жанровите преку кои ќе го изучуваат инструментот или ќе го вежбаат пеењето.
Веќе на крајот од првото полугодие, учениците се подготвени за својот прв јавен настап на професионална сцена.
Концертите на Ентерпрајз, кои се одржуваат двапати годишно, претставуваат неповторливо искуство за учениците и можност да го покажат своето знаење пред голема публика.
Како звучат и изгледаат концертите на Ентерпрајз, може да погледнете на нивниот YouTube канал.
Уписите ќе се одржат на 2 септември 2026 година, во просториите на Музичкото училиште Ентерпрајз, во Трговски центар Олимпико, ул. Лондонска 19, Скопје, со почеток во 19 часот.
Сите дополнителни информации за училиштето може да се најдат преку нивните официјални канали.
Фото: Архива на Ентерпрајз
#Магазин



Коментари
Постави коментар