Таско и Теа ја продолжуваат успешната приказна со „Луда“...
Таско
и Теа Трајковска повторно ги спојуваат своите енергии во новата песна „Луда“.
Станува збор за модерна и разиграна поп-рап тема, исполнета со љубов, страст и
препознатлив урбан звук.
„Таа песна настана
многу спонтано. Јас имав некоја идеја каде што би сакал да направам некоја
летна регетон песна и на некој начин да се тргнам од тој мој потврд стил на
музика. Многу спонатно настана, јас имав некоја мелодија ја повикав Теа со оглед на тоа дека имавме една соработка
пред тоа, а тоа е песната „Сатурн“ за „Макфест“. Ја завршивме таа песна, некако
убаво ја прифати публиката и природно дојде да направиме уште една соработка“- вели Таско
за песната „Луда“
По
успешната „Сатурн“, ова е нивна нова заедничка приказна, дополнета со летен
видеоспот кој е снимен
во Охрид.
Христијан Ангелески
#Естарда

Коментари
Постави коментар