Изложбата во Прилеп од оваа уметница е ретроспективна...
Ретроспективна изложба на слики од Ита ТС Арт синоќа беше отворена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. Уметницата се претставува со дела работени во различни периоди со кои одбележува 35 години творештво.
„На публиката во мојот роден град и го пренесов творештвото од различни периоди. Делата се работени во акрил на платно и на картон, а мотивите се најралични. Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во овие моменти, тука додека престојувам“- вели уметницата.
Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, САД и низ Европа.
#Култура





Коментари
Постави коментар