Пређи на главни садржај

„Направив песна во стилот на Брајам Адамс“-вели македонската поп-рок ѕвезда Влатко Иљачев-Валдера

„Милиони ѕвезди“ 2 новиот музички хит на Влатко Иљачев-Валдера која е во соработка со Григор Копров...

“Милион ѕвезди” е најновата композиција која што неодамна младиот, симпатичен, харизматичен и енергичен Влатко Иљачев – Валдера ја претстави и промовираше пред македонската публика. Создадена од музичката работилница на најдобриот – Маестро Григор Копров, оваа композиција го носи сето она што и би го очекувале – многу љубов, емоција, занес и мелодија која веднаш влегува во уво и никако да излезе. Ова е нивна прва, но не и последна соработка. Со асистенција на младиот музичар и продуцент Стефан Петановски, “Милион ѕвезди” претставува силна и емотивна љубовна приказна исполнета со многу страст, надеж и копнеж кон саканата личност. Оваа балада е посветена на сите вљубени, но и на сите оние кои се уште веруваат во љубовта.

Ангел Ризов го потпишува текстот кој преку своите зборови и емоции, срамежливо но сепак на интересен начин ги пренесува носталгијата, љубовта и емоцијата истовремено потсетувајќи не на едно убаво време кога ваквите балади беа неизбежен дел од MTV, во духот на Брајан Адамс и сличните светски имиња, со кои ние некогаш растевме.

„Во ноќта се крие тајната на нашите патеки, јас те сакам повеќе од сите векови. Во твоите очи наоѓам милион ѕвезди, љубов моја биди со мене до крај”, вели Валдера во рефренот.

Видеото пак кое досега има повеќе од 64 илјади гледаност, е спонтано, ненаметливо и кое ја раскажува љубовната приказна на еден интересен и искрен начин, е во реализација на Лоран Бајрами, под идеја и водство на самиот Валдера. Во него главна улога има преубавата Јулијана Деспотоска која без погледот, насмевката… видеото можеби немаше да ги долови љубовта и емоциите кои оваа композиција самата по себе ги носи.

“Милион ѕвезди” носи силна порака – љубовта е се она што не води и во најтешките и најтемни моменти, оставајќи ни барем една искра надеж дека утре ќе биде подобро од денес. Со овој музички проект, на свој специфичен начин Валдера ни ги открива своите најдлабоки емоции преточени во музика кои долго време тлееле, но конечно сега го добиваат својот вистински израз.

Инаку, Валдера оваа година ќе настапи на музичкиот фестивал “Бисер Јадрана” во Тиват, Црна Гора, како и на Интернационалниот музички фестивал “Охрид Фест – Охридски трубадури”, каде се очекува оваа музичка приказна да добие уште поголем одек.

А дали “Милион ѕвезди” е новиот пролетен хит?! Останува времето да ни покаже, но според бројките и публиката очигледно дека тоа е веќе така.



#Естрада



Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...