Премиера на филмот „Уште една игра“ во Битола

Премиерата ќе се одржи во битолскиот Центар за култура....

Во петок(13.03.2026) , со почеток во 19:30 часот, во големата сала на Центарот за култура Битола, ќе се одржи битолската премиера на македонскиот филм „Уште една игра“, во присуство на режисерот Nick Janssen и дел од екипата.

Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево кој сонува да стане професионален гејмер. Неговата страст за е-спортот го носи пред серија предизвици и избори – помеѓу соништата, пријателството и очекувањата на околината.

Во филмот настапуваат Тони Михајловски, Гоце Андонов, Zephaniah Terry, Жаклина Стефковска,Александра Пашевска,Марија Јанчевска, Марјан Наумов , Далиа Стоименова, Јасмина Василева, Ведран Чешарек  и Петар Манич.

Публиката во Битола ќе има можност да ја проследи премиерната проекција и да се сретне со дел од авторската екипа на филмот.


#Култура





Коментари