Пређи на главни садржај

Храбра исповед: Ивана Милошевска ја раскажа својата битка со леукемијата Давид Давидовски ѝ даде простор да ја сподели приказната

Icon show е форматизиран видео подкаст...

Во емотивно издание во емисијата ,,Icon show”  на водителот Давид Давидовски, гледачите имаа можност да ја слушнат потресната, но и инспиративна животна приказна на Ивана Милошевска, девојка која храбро се бори со леукемијата.

Ивана во емисијата искрено проговори за најтешките моменти од нејзиниот живот, моментот кога ја добила дијагнозата, долгите денови поминати во болница, хемотерапиите и стравот со кој секојдневно се соочувала во борбата со оваа тешка болест.

Како што раскажа таа, нејзината приказна не секогаш имала простор да биде слушната. Според неа, во минатото некои водители и емисии не сакале да ѝ дадат можност јавно да проговори за својата борба и за реалноста со која се соочуваат луѓето со ваква дијагноза. Сепак, токму водителот Давид Давидовски ѝ ја дал таа шанса, народот и сите кои се борат со најтешката битка му беа многу благодарни на Давид Давидовски. Во неговата емисија, Ивана доби простор отворено да ја сподели својата животна приказна, не само за болеста, туку и за силата, надежта и вербата дека животот може да продолжи и по најтешките моменти. Нејзината исповед ги трогна гледачите, а многумина на социјалните мрежи порачаа дека ваквите приказни се важни бидејќи потсетуваат колку се важни храброста, поддршката и човечноста.


#Магазин


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...