Пређи на главни садржај

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика

Концертот е закажан за 21 март 2026 година во салата од Домот за култура „Ацо Шопов“-Штип...

По емотивната концертна средба со публиката во Скопје Бојана  Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат во градот кој за неа има посебно место во срцето - Штип. На 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“, таа ќе одржи концерт кој ќе биде подарок за публиката, вечер исполнета со музика, емоции и благодарност за долгогодишната поддршка.

Штип за Бојана не е само уште еден град на концертната мапа, туку потсетник на едни од најважните моменти во нејзината кариера. Токму таму, на сцената на легендарниот фестивал Макфест таа ги освои двете свои големи победи – првата во 2003 година со песната „Немам одбрана“, а втората во 2015 година со „Диви цветови“. Од Штип, симболично, тргна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“, музички проект кој две години патуваше низ речиси сите градови во земјата, создавајќи незаборавни средби со публиката.

„Пролетта дефинитивно започнува со музика. Со нетрпение го очекувам концертот во Штип. Овој град секогаш ме потсетува на убави моменти и големи емоции. Се подготвувам со многу љубов и возбуда и едвај чекам да дојде 21 март“-вели Бојана.

Концертот ќе биде бесплатен за публиката, како знак на благодарност за долгогодишната поддршка. На репертоарот ќе се најдат некои од нејзините најпознати песни, но и дел од поновите музички приказни, во вечер која ветува искрена емоција, блискост и вистинска концертна атмосфера.

Штипската публика на 21 март ќе има можност повторно да ја почувствува енергијата на Бојана – гласот што со години ја раскажува приказната на македонската поп музика, токму таму каде што се испишани дел од нејзините најубави страници.

Концертот на 21 март во Штип нема да биде само уште еден настап, туку музичка благодарност, враќање на спомените и ново поглавје во долгогодишната врска меѓу Бојана Скендеровски и нејзината публика.


#Естрада





Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...