Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт вечерва во Цепенков

Изложбата е со почеток од 19:00 часот и е во Ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...


Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на
11 март, среда, од 19 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

Ќе бидат изложени 30 дела, со кои уметницата ќе одбележи 35 години творештво.
- Сакам на прилепската публика да и го пренесам моето творештво. Сликите се
работени во различни периоди, акрил на платно се и на картон. Мотивите се најралични.

„Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во мојот роден град“ - вели уметницата Ита ТС Арт.
Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во
Македонија, во САД и низ Европа.


#Култура

Коментари