Проекцијата е закажана за во 19:00 часот ви киното Мис Стон во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Утре, 21 Октомври 2026 година (среда) од 19:00 часот во кино Мис Стон кое работи во склоп на Националната установа центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се прикажува филмот „Скејтбордингот не за девојчиња“, филм на Дина Дума
За филмот: Кога сиромаштијата го загрозува нејзиното семејство, Адела мора да се бори преку својата страст кон скејтбордингот против конзервативното традиционално општество, за да ја спаси својата постара сестра – која сè уште е малолетна – од судбина што станува неизбежна: договорен брак.
Времетраење: 83 минути/
Влезници можат да се набават на билетарницата од киното во понеделник, вторник и среда од 11:00 до 13:00 часот и еден час пред проекцијата на филмот.
#Култура

Коментари
Постави коментар