Калиопи премиерно на солистичкиот концерт минатиот викенд во Скопје ја престави нејзината нова песна под наслов „Лаж“...
„Лаж“ е песната која беше премиерно претставена на големиот солистички концерт на Калиопи минатиот викенд, пред многубројната публика во Т арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Комплетен автор на песната е Ромео Грил кој ги има напишано музиката, текстот, аранжманот и продукцијата.
Видео спотот е во режија на Лука Сеп, а продукцијата е на Kavakava Production.„Лаж“ можете да ја слушнете на сите дигитални платформи.
#Естрада

Коментари
Постави коментар