Пређи на главни садржај

Вчетврток во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп изложба „Конгломерати“ на уметникот Сашо Ацковски

Изложбата ќе биде поставена во Ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 22.10.2026 година (четврток) од 19:00 часот во Ликовната галерија од Националната установа центар за култура  „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Конгломерати“ од Сашо Ацковски.

Изложбата содржи околу 25 дела, изработени во акрилна техника на платно на блинд рамови, со прилепени (колажирани) електронски делови, со различни димензии. Како што кажува и самиот наслов, во делата е преставена организирана концентрација на различни елементи по својата природа, од една страна апстрактни мотиви создадени од човечка рака и од друга страна електронски индустриски делови создадени од машина, на тој начин пресликувајќи го современото општество во уметничкото делото. Иако спротивни по својата природа елементите меѓусебно се испреплетуваат и создаваат една меѓусебна синергија, односно нова целина, нова реалност. Се додека постои урамнотеженост помеѓу спротивностите, конгломератот функционира, во спротивно настапува хаос во таа нова реалност.


Целта на проектот е да ја поттикне публиката да размисли за балансирана и контролирана употреба на техниката и технологијата во секојдневниот живот. Да ја користи истата само како средство, односно алатка за подобро опстојување и функционирање во општеството, а со самото тоа да се постигне враќање кон реалните социјални интеракции и комуникации, односно да поттикне враќање кон природата и хармонијата.


Сашо Ацковски е роден 1972 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитето ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во 2012 година, отсек сликарство со насока конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски (претходно во класата на проф.

Вело Ташовски и проф.Свето Манев).Учествувал на сите завршни годишни изложби во рамките на факултетот, како и во групни изложби на КОРА и Арт студио ЛИНЕА. Исто така учествувал во проектот ,,Односот помеѓу уметникот, институциите и публикатa”, во рамките групата ТРИАНГЛ под водство на проф. Сузана Милевска. Во последните десет години работел на отсликување на повеќе црковни храмови Св, Лука во Кисела Вода. Св. Христово вознесение во Драчево, Света Троица во Долно Лисиче, Раѓање на Св. Јован Крстител во Бутел, Европскиот соборен храм Св.Наум во Малме, во соборниот храм Св.Климент во Сопје и Св.Илија во Аеродром. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2012 год.

Самостојни изложби:

- “Конгломерати”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, 28.11.2024,

- “Nature Made”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, 23.06.2016,

-“Виртуелна реалност”, Македонско културно друштво “Билјана”, Научна библиотека- Задар, јуни 2015,

- “Виртуелна реалност”, МКД Македонија- Сплит, Р.Хрватска 1 август 2014,

- “Современи механизми за контрола”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, Галерија КО-РА, 9 мај 2013,

-“Да се биде (виртуелен)...или не?” – “Being (Virtual)…or Not?”, Безистен, кафе Галерија 8- Скопје, 2 април 2013,


Групни изложби:

- “Нашата визија за Европа”, Интеграции и дезинтеграции, ”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, Галерија КО-РА, 9 мај 2025,

-“Бајката и бајковитото”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, Галерија КО-РА, април 2025

- “Ден на пролетта и денови на екологијата”, ”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, Галерија КО-РА, 27.03.2025,

-“Жената симбол и инспирација”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, Галерија КО-РА, 07.03.2025,

-“Вечното танго”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, Галерија КО-РА, 10.02.2024,

-“Мултикултурна изложба”, Амбасада на Репѕблика Македонија во Виена, 07.12.2023,

-“Вортекс”, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, 10.12.2021,

-“Осврти, рефлексии, илуминации и реминисценци”, изложба на дела од уметници застапени во

истоимената книга на Виолета Калиќ, Амбасада на Република Македонија во САД, Вашингтон,

2019,

-“Мултикултурна изложба по повод 8 септември”, -“Осврти, рефлексии, илуминации и

реминисценци”, изложба на дела од уметници застапени во истоимената книга на Виолета Калиќ, Амбасада на Р.Македонија, Отава, Канада, септрмври 2019,

-“Мал формат” ДЛУМ, галерија КИЦ, Скопје, декември 2018, 

-“Мал формат” ДЛУМ, галерија Пловдив, Р.Бугарија, ноември 2018,

- “Живот”, галерија Студиефорбундет, Малме, Шведска, 2018,

- “Корени, порти, портали, патишта и патокази”, Риека, Р.Хрватска, март 2017,

- Корени, порти, портали, патишта и патокази, галерија Дворец Тракошчан, Р. Хрватска, ноември 2016

- Меморијал “МБЏ 6”, акварел 25х25, галерија Богиќ, Белград, септември 2015,

- “Paratisima Skopje”, интернационален саем на современа уметност, МКЦ Скопје, јуни 2015,

- Годишна изложба ДЛУМ, НГМ Мала Станиц- Скопје, февруари 2015,

-“ TANGO OBLIVION”, галерија КО_РА, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, февруари 2015,

- “МиниАРТура” ДЛУМ, галерија НЛБ Тутунска банка-Цкопје, декември 2014,

- “Мал формат” ДЛУМ, салон Империјал I- КИЦ, Скопје, декември 2014,

- “EXLIBRIS”, Отворено графичко студио- Музеј на град Скопје, ноември 2014,

-“Експериментален цртеж”, Палата Луцерн-Прага, република Чешка, септември 2014,

-“Од животот на ромите”, Галерија КО-РА, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, мај 2014,

- На Велигден на Благден, Галерија КО-РА, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, април 2014,

- “Нови сведоци на холокаустот 3”, Меморијален центар на холокаустот на Евреите во Македонија, Март 2014,

- “Тело што помни” 15 Зимски салон на ДЛУМ, НГМ Мала Станица, февруари 2014,

- Годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на град Скопје, јануари 2014,

- Мал формат ДЛУМ, Културно Информативен Центар -Скопје, декември 2013,

- Минијатура ДЛУМ, Галериски простор на НЛБ Тутунска банка Скопје, ноември 2013,

- Експериментален цртеж ДЛУМ, Ликовен салон Дом на АРМ- Скопје, ноември 2013,

- Групна изложба на млади ликпвни уметници од Кавадарци и нивни гости, Локален музеј- галерија Кавадарци, октомври 2013,

- Нови сведоци на холокаустот, хотел Молика- Битола, август 2013,

- Галерија 8 и пријателите (роденденска изложба), Безистен, кафе Глерија 8 – Скопје, јули 2013,

- Четврт интернационален натпревар на карикатури Берлин 2013, Town Hall Schöneberg- Berlin, јуни 2013,

- 41. Светска галерија на карикатури- Скопје 2013, галерија Остен – Скопје, мај 2013,

- Денови на македонската култура (посветени на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј), Градска библиотека Марко Марулиќ–Сплит (Р.Хрватска), мај 2013,

- На Велигден на Благден, Галерија КО-РА, ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, април 2013,

- Годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на град Скопје, февруари 2013,

- Мал формат ДЛУМ, Културно Информативен Центар -Скопје, декември 2012,

- Минијатура ДЛУМ, Безистен, кафе Галерија 8- Скопје, декември 2012,

- Експериментален цртеж ДЛУМ, Ликовен салон Дом на АРМ- Скопје, ноември 2012,

- 40-та Светска галерија на карикатури-Остен, Салон на Остен- Скопје, мај 2012. Ликовни колонии:

- Учество на 3-та ликовна колонија “Нови сведоци на холокаустот” во хотел Молика- Битола, во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите на Македонија, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со музејот Јад Вашем од Израел, од 13 до 26 август 2013 год.

- Учество на 3-та ликовна колонија “Виситор” во Брезојевица Р. Црна Гора од 11до 21 јули 2014 год,


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...