МИЛА АНАСТАСОВСКА ПРОГОВОРИ ЗА НАЈТЕШКИТЕ МОМЕНТИ ВО ЖИВОТОТ: МАЈКА Ѝ ВО ЗАТВОР, ТАТКО Ѝ ПОЧИНАЛ, А ТАА СЕ БОРЕЛА ЗА ОПСТАНОК!
Мила Атанасовска гостуваше во емисијата Icon Show и проговори за нејтешките моменти во животот...
Популарната тиктокерка гостуваше во емисијата ICON SHOW на Давид Давидовски, каде зборува за периодите од животот што ја ставиле пред сериозни искушенија. Меѓу најтешките моменти што ги споделува се престојот на нејзината мајка во затвор, смртта на нејзиниот татко и периодот кога возела камион за да обезбеди егзистенција.
Анастасовска зборува и за сексуалноста, тема што и понатаму предизвикува поделени мислења во Македонија. Нејзината изјава „Секој човек е роден како бисексуалец!“ отвора дискусија за личните убедувања, сексуалната ориентација и општествените предрасуди.
Во разговорот се испреплетуваат лични искуства и прашања за тоа колку е тешко да се продолжи напред кога животот носи загуби и неизвесност. Нејзиното гостување е можност публиката да слушне поинаква перспектива и да размисли за предизвиците со кои се соочуваат луѓето зад јавните профили на социјалните мрежи.
Интервјуто отвора и пошироко прашање: дали како општество сме подготвени да слушаме без веднаш да осудуваме?
Давидовски со ова интервју повторно докажа зошто е гледан и број еден во државата како и секоја негова емисија е добродојдена во секоја македонска фамилија, бидејќи работи социјални теми кои се дел од македонскиот народ.
#Магазин

Коментари
Постави коментар