Пређи на главни садржај

Впеток се одбележуваат 20 години од смртта на Димитрие Османли и 65 години од „Мирно лето“

Настанот ќе се одржи во Кинотеката на Македонија со почеток во 19:00 часот...

Во петок, на 30 октомври, со почеток во 19:00 часот, Кинотеката на Македонија ќе одбележи две значајни годишници од историјата на македонската кинематографија: 20 години од смртта на режисерот и филмски автор Димитрие Рули Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето" (1961), првата македонска филмска комедија и првиот филм во македонската кинематографија режиран од македонски филмски автор.

Освен „Мирно лето", во рамките на програмата ќе бидат прикажани и документарниот филм „Девојките од Мали" (1963), како и Филмските журнали бр. 4 и бр. 6 од 1946 година, исто така во режија на Османли, кои претставуваат драгоцено сведоштво за времето и за развојот на филмската продукција во Македонија.

Димитрие Османли е автор и на редица други значајни остварувања во македонската играна и документарна продукција. Покрај гореспоменатите, тука се и играните филмови „Мементо" (1967), „Жед" (1971) и „Ангели на отпад" (1995), како и документарните „Распламтени факли" (1956), „Афион" (1962), „Културно богатство во урнатини" (1963), „Кеј 13 Ноември" (1964) и наградуваниот „Дванаесетте од Папрадник" (1965). Неговиот кусометражен игран филм „Бунт на куклите" (1957) во 2022 година го отвори прочуениот Фестивал на новореставрирани филмови „Ил чинема ритровато" во Болоња, а признанието што го доби македонската кинематографија со неговата проекцијата во Болоња е дотолку поголемо, што ова беше прв и засега единствен македонски филм прикажан на овој реномиран фестивал. Во 2023 г., пак, на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, „Мементо" беше прикажан во рамките на југословенската ретроспектива на „црниот бран" во реномираниот њујоршки Музеј на современа уметност – МоМА каде што режисерската постапка на Османли во овој филм беше споредена со онаа на големиот француски режисер Ален Ренѐ во неговиот култен филм „Хирошима, љубов моја".

Покрај тоа што е прва комедија, „Мирно лето", исто така, е и прв македонски филм на современа тема затоа што до 1961 г. играните филмови биле претежно на теми од Втората светска војна. За „Девојките од Мали", пак, „Вардар филм" ја добива продуцентската награда на Фестивалот на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград 1964 г.

Пред почетокот на проекциите, на присутните ќе им се обрати директорот на Кинотеката на Македонија, Бошко Грујоски, кој ќе се осврне на значењето на творештвото на Димитрие Османли и неговиот придонес во македонската филмска историја.

Со овие проекции, Кинотеката продолжува да ја чува и да ја афирмира македонската филмска меморија, потсетувајќи на авторите, делата и историските моменти што ја обликувале нашата кинематографија.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...