Пређи на главни садржај

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...СУЗАНА, НАУМ, МИЛЕ И БАЖЕ И НИВНИТЕ ГОСТИ ВО КАФЕАНСКА НОЌ ЗА ПАМЕТЕЊЕ!

Наум Петрески, Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Благоја Грујовски со предновогодишен концерт на 25 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети. Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември (петок) со почеток во 20:00 часот во специјално подготвен амбиент во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

„Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика. Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми.“ – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

„Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат.“ – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...