Компилацијата „вонка" е прво заедничко дискографско издание на Стотројка и Мртов коњ...
Бранко Бјадов е ненаметлив автор кој со години гради свој музички свет, интимно дневничарејќи низ звук и збор. „вонка" е истовремено ослободување и заокружување на еден долгогодишен креативен опус. .
„ронка се свива и легнува точно во празнината што ја носиш сред твоето јадро. Ги шепоти кревкостите премали за да ги видиш. Ги чувствува болките преголеми за да ги соочиш."- вака за компилацијата пишува Рина Јанкуловска од Стотројка.
Дигиталното издание доаѓа заедно со лимитиран тираж разгледници со мотиви од анимираниот филм на младата ликовна уметница Ангела Георгиевска, инспириран од изданието на ронка. Музиката добива своја визуелна трага во анимацијата, каде звукот и сликата се среќаваат на неочекувани места.
#Магазин

Коментари
Постави коментар