СИЛНА ПОРАКА ДО УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ “ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ - ПРИЛЕП ИСПРАТЕНА ОД ДИРЕКТОРКАТА ЖАНЕТА ВИДЕВСКА НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО
СОУ„ Ѓорче Петров"-Прилеп го одбележа патрониот празник...
На 2 април 2026 г. се навршија 161 година од раѓањето на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче ПетровПо тој повод, вработените во СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, положија свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп и на спомен-плочата кај неговата родна куќа во Варош и со пригодна програма го одбележаа својот патрон празник.
Главниот акцент на свечената академија, којашто се одржа во киното Мис Стон, беше ставен на иселувањето на младите од Прилеп.
Особено моќна беше пораката на директорката Жанета Видевска на крајот од нејзиниот говор во која се повикуват младите да останат тука, во родниот град, за сите заедно да го направиме Прилеп пристојно место за живеење.
„Драги наши ученици, вие кај нас растете со нас, ние летаме со вас и нашиот професионален ангажман нема смисла без вас. Вие брзо ќе одлетате откај нас, ќе заминете на студии по градовите низ Македонија, но запомнете нешто многу важно: Штип и Битола се премали за распонот на вашите крилја, Скопје е пренаселен град, а сѐ што е надвор од границите на Македонија е предалеку за вашите родители. Затоа, летајте наоколу, но вратете се овде бидејќи вие сте иднината и надежта на Прилеп."-рече Жанета Видевска, директорката на СОУ,,Ѓорче Петров"-Прилеп.
Овие зборови предизвикаа силни емоции кај сите присутни, а особено кај родителите кои секојдневно се соочуват со проблемот на масовно иселување на младите.
#Магазин




Коментари
Постави коментар