Пређи на главни садржај

Бојана Скендеровски стана амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“

Бојана Скендеровски стана амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври"...

Малите дела на добрина можат да го променат светот многу повеќе од големите зборови" – со оваа порака Бојана Скендеровски сподели значаен момент од својот живот и кариера. Од вчера таа и официјално ја презеде улогата амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври", откако беше потпишан меморандум за соработка со директорката на установата. Ова партнерство има за цел да ја подигне свеста за потребите на децата без родителска грижа и да поттикне поголема поддршка од јавноста.

„Каков ден и каква привилегија за мене... Најважно од сѐ, тие дечиња кои дојдоа да се запознаеме денес се потпишаа во моето срце. Си ветивме дека заедно ќе покажеме дека не се сами и ќе ја направиме нивната иднина посигурна"-вели Бојана, нагласувајќи дека иако Домот сега функционира во поинаков модел и понатаму има потреба од поддршка, особено кога станува збор за згрижување и создавање подобри услови за раст и развој на децата.

„Сѐ уште нема доволно згрижувачи и потребно е да се крене гласот. Затоа ја прифатив оваа улога, да бидам нивниот глас. Ќе учествувам во нивните активности, ќе ги посетувам дечињата, ќе бидам дел од нивните приредби, ќе им помагам и ќе апелирам за поголема поддршка. Потребни се донации од различен вид, од, на пример, помош за сегашните матурантите до поддршка за нивно понатамошно образование, како и можности за развој на талентите на дечињата"- истакна Бојана.

Скендеровски вели дека била пречекана со топлина и искрени емоции, со пригодна свеченост организирана од децата и вработените.

„Многу прегратки, по некоја солза и многу љубов тоа е најсилниот впечаток што го носам. Огромна чест и привилегија е да се биде дел од оваа приказна. Ќе уживам во секој момент од оваа соработка и навистина сум привилегирана и огромна е честа што ми ја доделија оваа прекрасна улога да бидам амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври"-порача Бојана, додавајќи дека со оваа иницијатива се испраќа силна порака до јавноста дека децата без родителска грижа не се сами и секој може да придонесе за нивната посигурна и посреќна иднина.


 

#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...