Утре во Прилеп ќе ги биде одбележан денот на танцот

 Со концерт на танц студиото „Зодијак“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде одбележан денот на танцот-29 април...

Танц студиото „Зодијак“ при НУЦК „Марко Цепенков“со целовечерен концерт во
големата сала на 29.04.2026 година (среда) во 20:00 часот ќе го одбележи 27 - от роденден од своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот 29 април.

„Со танцов перформанс на сите учесници од најразлична возраст ќе се претстави
студиото, а воедно ќе бидат прочитани и итернационалната порака за оваа година која ја напиша канадската кореографка Кристал Пајт, како и македонската порака напишана од првенецот балерина и истакнат солист при МНТ Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на Кире Миладиноски. Како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски, Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска.“ - велат од „Зодијак“.

Играат: Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска,
Јована Ангелеска, Јана Чучуроска, Сара Камческа, Сара Иваноска, Исидора Митревска,
Анисија Тренеска, Марија Стојаноски, Бисера Тренкоска, Неа Попоска, Марта Шаркоска и Бисера Гаралоска.

Дизајнот за промотивниот материјал и видео монтажата е на Петар Јошески, додека
автор на промо видео спотот е од Љупчо Атанасоски.

Влезот е слободен, но заради протокол и безбедност на сите во салата ќе се
сместуваат само лицата со влезници до ислопнување на капацитетот. Услугата е прв дојден прв услужен. Влезници ќе можат да се подигнат три часа пред почеток на настанот од блетарницата на ЦК „Марко Цепенков’.

Настанот кој што ќе биде празник за очи, е поддржан од Општина Прилеп.


#Култура

Коментари