Пређи на главни садржај

Претставата „Лидија“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Претствата ќе се одигра на сцената 105...

На 18.04.2026/сабота/ од 20.00 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски.

Адаптација, режија и актерска игра: Игор Трпчески

Музика на акустична гитара: Тони Миќевиќ

Тон: Томе Темелкоски

„Лидија, или сè што знам за жените“ од Тихомир Јанчовски е мало парче од еден богат и раскошен свет и светоглед. Не трагајќи по форма преку која би бил допадлив кај читателите, не оптеретувајќи се со книжевни правила и норми, ниту пак водејќи сметка дали создал поетски или епистоларен роман, фикција, петафикција или, како што вели тој – живот, Тихомир го напипува пулсот на современото живеење и нам, на читателите (навикнати на написи не подолги одстотина карактери), успева да ни сервира дело кое се чита во еден здив.

Мислата тече со неверојатна леснотија, а јазикот е толку природен и непретенциозен, што читателот се чувствува како да си прави муабет со авторот, или поточно, како што би рекол тој – сохбет. Овој роман се занимава со современи, секојдневни и универзални теми. Не е обременет со тривијалните, исцрпувачки проблеми на нашето секојдневие, ниту со дневна политика. Ни трага од тоа.

Напротив, ова е роман за убавото. За сета убавина на животот. Јанчовски, дури и кога зборува за најтешки и најмрачни теми, тоа го прави сосема ненаметливо, на еден човечен начин, со благост. Така, тој не зборува за онаа запустена и тажна Битола која ја знаеме, туку за една убава, сончева Битола која дише и вистински живее. Веднаш да ти се припие кафе на Широк Сокак. Во овој роман и врнежливото време е убаво време, а грмотевиците се предмет на обожување. Обичните луѓе се чинат како најинтересните на светот, дружбите со нив се убави, но исто толку убава е и осамата; тагата е пожелна исто колку радоста, а обичната жена станува муза. Животот како да е овде и сега, едноставен и полн со смисла“ - посочува во рецензијата Лидија Митоска - Ѓорѓиевска.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...