Пређи на главни садржај

Ретка можност за доживување на барокниот звучен свет - чембало и глас во живо во историски информирана изведба во НУЦК„Марко Цепенков''-Прилеп

Концертот ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков''-Прилеп...

На 7 мај 2026 година (четврток) од 20.00 часот во организација на НУЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп за првпат ќе се одржи концерт на клавичембало – еден од најзначајните инструменти на барокната епоха, кој ја обликувал музичката мисла и изведувачката практика на 17 и 18 век, а е исклучително редок инструмент во Македонија, со само два функционални примероци во земјата според достапните податоци.

Концертот, под наслов „Музиката на европските дворови на XVII век“ ќе го изведат: Јована Топалов (Србија), меѓународно образована чембалистка од Белград со силна насоченост кон историски информираната изведба, и сопранот Ана Митоска (Македонија), која значаен дел од својот уметнички репертоар го посветува на раната музика. Концертната програма нè води низ европските дворови на XVII век – од Англија, преку Австрија и Франција до Шпанија. Ќе бидат изведени дела од Д. Скарлати, Ј.Ј. Фробергер, Е. Жаке де ла Гер и Х. Персел, вклучувајќи ги вокалните минијатури “Music for a While” и “What Power Art Thou” и драмската кантата „Сузана”. Концертот го истражува богатството на барокниот музички израз и звучниот свет на европските дворови, а е тематско продолжение на минатогодишните Dulcia Sonant концерти.

Звукот на чембалото, за разлика од неговиот наследник пијаното, се создава преку механизам на перца кои со тргање на жиците произведуваат јасен, светкав тонѓ карактеристичен за барокниот музички израз.

Концертот претставува редок културен настан за македонската музичка сцена во целина – и можност за доживување на барокниот звучен свет – чембало и глас – во живо, во историски информирана изведба. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македониja.

Јована Топалов е чембалистка од Србија, специјализирана за рана музика и историски информирана изведба. Образованието го стекнува во Белград и на Универзитетот во Илиноис (САД), а докторира на ФМУ во Белград со проект посветен на интерпретацијата и музичката реторика во делата на Фробергер. Настапува како солист и basso continuo соработник со значајни ансамбли и оркестри, и е член на ансамблот „Белградски барок“. Активно се занимава и со педагошка дејност како професор по чембало и камерна музика во Белград.

Ана Митоска е сопран од Македонија со разновиден репертоар кој опфаќа музика од средниот век до современи дела, како и проекти за театар и филм. Дипломира соло пеење на ФМУ во Скопје. Активно настапува на концерти и фестивали, соработувајќи со домашни и меѓународни уметници, а се усовршувала кај реномирани имиња од областа на раната музика. Таа е основач и уметнички автор на фестивалот за рана музика Dulcia Sonant, како и на повеќе концертни и мултимедијални проекти.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...