Пређи на главни садржај

Ист датум, исто место, нова енергија – Јелена Розга се враќа во Охрид

Јелена Розга закажа концерт во Охрид - Ист датум, исто место, нова енергија...

Охрид повторно ќе биде центар на најголемиот летен музички спектакл зашто по минатогодишната магична ноќ што долго се прераскажуваше, ова лето Јелена Розга се враќа на сцената на Античкиот театар со концерт кој ветува уште посилни емоции, повеќе хитови и атмосфера што не се пропушта. Точно една година подоцна на истиот датум, на истото место и со истата магија.

На 29 јули 2026 година, со почеток во 21:00 часот, публиката повторно ќе има можност да биде дел од вечер која веќе еднаш беше прогласена за „настан на летото" – концерт за кој се бараше влезница повеќе и кој многумина го опишаа како спектакл каков што не се памети во градот под Самоиловата тврдина.

Во организација на Евентум продукција, концертот ќе биде реприза на минатогодишната магија, но со нова енергија и уште посилно музичко доживување.

Оваа година Јелена Розга има и дополнителна причина за славење бидејќи одбележува 30 години успешна кариера. По тој повод, таа ѝ подарува на публиката посебно изненадување, односно нов живот за легендарната песна „Бижутерија", која добива официјален видеозапис и освежено издание.

И по 15 години, „Бижутерија" останува симбол на една ера, песна што генерации ја прифатија како своја и од која произлезе култната фраза „жена, мајка, кралица" – химна на женската сила и став. Со новото издание, песната добива нова енергија, задржувајќи ја препознатливата емоција што ја направи безвременска.

„Понекогаш некои песни се враќаат на начин што ни самиот не го очекуваш. „Бижутерија" е една од нив. Овој пат доби ново лице и нова енергија, а јас само ѝ дозволив да ја раскаже својата следна приказна"-вели Розга.

Уживајте во „Бижутерија" и не заборавајте дека на 29 јули Охрид повторно ќе пее во еден глас и дека нѐ очекува вечер исполнета со хитови, емоции и магија; нова концертна приказна која долго ќе се памети. Билетите веќе се пуштени во продажба преку мрежатаe-ticket.mk

Во старата добра „Бижутерија", спакувана во ново руво можете да уживате на официјалниот Јутјуб канал на Јелена Розга.

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...