Пређи на главни садржај

Свечено затворен 27. Интернационален фестивал на монодрама Битола

Cиноќа во Битола беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама...

Со доделување на фестивалските награди и изведба на претставата „Гидионовиот јазол“ за затворање, синоќа во Битола беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. За најдобрите остварувања одлучуваше стручното меѓународно жири составено од Керолајн Бернс Кук, Анџелина Роска и Кире Ѓоревски, кое ги избра лауреатите на годинашниот фестивал.

Наградата за најдобар актер ја доби Јано Изорија од Грузија за изведбата во претставата „КВАРКВАРЕ“, во продукција на театарот „Поти Валеријан Гунија“, во режија на Саба Асламазишвили. Во образложението жирито истакна дека станува збор за брилијантна изведба што се одликува со силен темперамент, енергија и внатрешна напнатост, која го задржува вниманието на публиката од почетокот до крајот. Посебно се нагласува богатството на актерски изразни средства и разновидноста на сценскиот израз, преку кои ликот е изграден со длабочина и повеќеслојност.

Наградата за најдобра режија ја доби Жива Бизовичар за претставата „ЏЕКИ“, во продукција на Дрански театар од Македонија, со актерка Трајанка Илиева - Вељиќ. Жирито ја истакна суптилната работа со актерот и способноста органски да се води изведувачот низ различни внатрешни состојби, создавајќи континуиран и психолошки веродостоен сценски тек. Особено се издвојува прецизното градење на темпо-ритамот и динамиката на актерската игра.

Гран при наградата на фестивалот ја доби претставата „#НОТИ“ од Романија, во продукција на театарот „Тони Буландра“, во режија на Касандра Топологеану, со актерка Андреа Танасе. Според образложението на жирито, претставата претставува современ театарски проект кој органски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошката димензија и истражувањето на социјалната маска. Сценографското решение со видеопроекции и внимателно изградената звучна средина создаваат силна сценска атмосфера, во која темите на изолација, насилство и преиспитување на женственоста добиваат заокружен уметнички израз.

Наградата од публиката ја доби претставата „ЏЕКИ“, со актерката Трајанка Илиева - Вељиќ.

Со ова заврши уште едно успешно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, кој и оваа година донесе богата програма и врвни актерски остварувања од повеќе земји, потврдувајќи го значењето на фестивалот како важна меѓународна театарска платформа.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...