Пређи на главни садржај

Поп-рок забава за Прочка во Прилеп: Прилепската група КНАП настапи на летната сцена од НУЦК „Марко Цепенков“

Кнап со настап на летната сцена од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

    Додека најголем акцент за време на празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп се става на тардиционалниот карневал Прочка се забораваат и останатите музички забави во Прилеп и неговата околина.

    На самиот ден Прочка на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп се одржа и забава за оние љубители на поп и рок музиката. Присутните на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ги забавуваше новоформираната група која се занимава со поп-рок музика Кнап.

    Ана Цветаноска вокалот на Кнап за Инфо-Прилеп вели дека немаат договор за тоа што ќе свират и дека едноставно изборот и жанрот на музика му дошол по природен пат од музиката која тие самите ја слушаат во слободно време.

    „Немавме никаков догвор за тоа што ќе свириме. Едноставно поради музиката која што ја слушаме почнавме да ги свириме овие песни. Природно ни дојде изворот на песни и жанрот на музика. Пробуваме малку „фанк“ да мешаме. Како група овој вид на музика на некој начин не зближува. “-вели Ана Цветаноска, вокалот на прилепски Кнап.

    Цветаноска за првото пласирање и првиот настап како група кои го имаа во месец декември 2025 година во прилспкиот клуб „Калинка“ вела дека имало доста трема и адреналин, а со тоа тие како новоформирана музичка група заклучиле дека најбитно од се е нивната публика да се чувствува убаво.

    „Чувството за пласирање на новоформирана музичка група да се пласира на македонската музичка сцена е доста нервозно. Има доста еуфорија, трема, адреналин иако, имаш малку страв дека нешто ќе замине настрана со озвучување или со некоја песна. Заклучивме дека е најбитно ние да си поминеме убаво и публиката да се чувствува убаво.“-додава Ана Цветансока, вокалот на прилепски Кнап.

    Имено, Цветаноска вели и дека тие како група се фокусирани повеќе на македонската музика, а посебно на добро познатата и призната македонска музичка група Дупер.

    „Моментално многу сме фокусирани на групата Дупер и на македонската музика. Сакаме да направиме некакви преработки на Кем, на Фикшн. Како група ги сакаме македонските модерни бендови. Сакаме нивната музика да се покажи во јавноста зашто сите знаеме дека познатите англиски песни сите ги знаат. Бендовите како Дупер сакаме да се покажат и овде и на друго место.“-рече Ана Цветаноска, вокалот на прилепски Кнап

    Инаку, оваа прилепска музичка група е формирана во месец декември 2025 година, првиот, а воедно и промотивен настап го имаа во клубот „Калинка“ во старата прилепска чаршија. Кнап е во состав на Ана Цветаноска (вокал), Стефан Самарџиоски (тапани), Леонид Насески (синтисајзер), Леонид Гешоски (гитара) и Димитар Колевски (бас гитара).

 

#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...