Пређи на главни садржај

Ексклузивен заеднички концерт на Тони Цетински и Нина Бадриќ на 28 ноември во Скопје

Тони Цетински и Нина Бадриќ со голем солистички дуетски концерт во Скопје...

На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски" е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија.


Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ја носи тежината на вечерта. 


Тони Цетински важи за еден од најмоќните машки вокали во регионот, интерпретатор чија способност да ја трансформира баладата во масовна емоција стана негов заштитен знак. Неговата кариера е обележана со хитови што повеќе генерации ги препознаваат како дел од сопствените животни приказни, што на неговите концерти создава уникатна синергија меѓу сцената и публиката.


Нина Бадриќ, пак, претставува пример за уметничка зрелост, достоинство и стил. Нејзиниот препознатлив глас и репертоар исполнет со хитови што траат со години ја позиционираа како една од највлијателните и најпочитувани авторки во регионот.


Скопје ќе има ретка можност да сведочи на спојот на овие два силни музички универзуми. Две различни сценски енергии, два автентични уметнички идентитети, обединети во една концептуална вечер со јасна порака - љубовта како универзален јазик.


Заедничкиот концерт во Скопје ќе понуди програмски балансирана вечер во која ќе бидат изведени најзначајните песни од нивните кариери, во формат што дозволува и самостојни настапи и креативен преплет на двата сценски изрази. Организаторот најавува продукција со современа сценографија и техничка поставеност, во согласност со стандардите на големи регионални концертни проекти.


Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во ТЦ Бисер и ЈК Травел во Дајмонд Мол. 



#Естарда


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...