Пређи на главни садржај

Голем концерт на Рита Ора во Охрид

Концертот е закажан за 1 август 2026 година на стадионот Биљанини Извори во Охрид...

Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори" во Охрид.

Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со континуиран успех, но и со способност постојано да се трансформира, да експериментира и да остане чекор пред времето.

Нејзиниот пат на светската сцена претставува редок спој на комерцијален успех, уметничка конзистентност и прецизно изграден идентитет. Од своите почетоци до денес, Рита Ора континуирано го проширува својот креативен израз, комбинирајќи современ поп, денс и урбан звук со моќен визуелен стил и впечатливо сценско присуство. Таа е препознатлива не само како музичка ѕвезда, туку и како културен феномен со големо влијание врз новите генерации.

Нејзините настапи се синоним за врвна продукција, прецизно осмислена сценографија и енергија што воспоставува директна и искрена врска со публиката. Секој концерт на Рита Ора е внимателно режирано аудиовизуелно доживување, во кое музиката, светлината и емоцијата функционираат како една целина, причина поради која нејзините настапи на најголемите светски сцени редовно се оценуваат како вистински спектакли.


Концертот на 1 август во Охрид е во организација на „Прагма продукција" и претставува значаен чекор во позиционирањето на Македонија на мапата на големите концертни турнеи, како и уште една потврда дека домашната сцена е подготвена за настани од највисок меѓународен ранг.

Глобална ѕвезда, светско шоу и една августовска ноќ што ќе има посебно место во музичката историја на регионот.

Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во T.Ц Бисер и ЈК Травел Дајмонд.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...