Пређи на главни садржај

Претсавата „Бог на колажот“ на МНТ ќе биде изведена во Прилеп

Претставата ќе биде одиграна во големата сала при НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп...

На 28 февруари (cабота) и на 1 Март/ (недела) од 20.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ.

Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза.Адаптацијаи режија: Весна Петрушевска

Влезниците за претставата по цена од 300 денари се во продажба од денес набилетарницата од Центарот и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 .00 часот иод 18 до 20.00 часот и во сабота од 11 до 14.00 ч.

Податоци за претставата; 

Ко-продукциски проект

Превод: Рајна Кошка-Хот

Сценограф: Татјана Христоска

Костимограф: Наталија Терзија

Сценски движења: Кренаре Невзати-Кери

Избор на музика: Весна Петрушевска

Автор на сонг „Пепел и мрак" Игор Џамбазов

Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен


Играат:

Ѓорѓи Јолевски

Дарја Ризова

Благој Веселинов

Наталија Теодосиевa

Актерска школа Весна Петрушевска

Координатор на технички служби: Ивица Урдаревиќ

Инспициент: Александар Рајковски

Суфлер: Зорица Благоевска

Инженер на светло: Даниела Атанасова

Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев

Тон-мајстор: Ненад Трпеноски

Манипулант на горен и долен погон: Трајче Тасевски

Графички дизајнери на плакат и каталог: Емилија Шуман и Томи Милков

Фотограф: Филип Шутаров

Реквизитер: Павле Кралевски

Гардеробер: Валентина Чонкова

Шминкери и фризери: Моника Вучковиќ и Бранка Пљачковска

Декоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Мартин

Китановски, Ибрахим Рамановски, Нерхан Османовски, Хусеин Халили, Зекирија Алим,

Дурмиш Сефер и Синан Ракиповски

Изработка на мебел за сценографија: Шуман Премиум

Изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Дарко

Дуковски (вајар) и Зоран Миновски (бравар)


Насилството е нашиот бизнис

Ликовите се опседнати со сопственото морално позирање, тврдејќи дека не гоподдржуваат насилството, потенцираат на невиноста на детската игра, но и манипулираатcо детската наивност која резултира со агресивност. Лицемерието ги истакнуваконтрадикторностите во нивните вредности и леснотијата со која луѓето можат да гинапуштат своите принципи кога ќе се соочат со непријатност, родителство и животнаодговорност кон нив. Се поставуваат прашања за непходноста на деца, за да имаатизвонредно добар брак, кој пак е затрпан со неброено многу проблеми и неизговоренизборови кои никако да се решат. Јасмина Реза само навидум нуди минималистичкаструктура, поставувајќи ги во квадратите на станот. Ова поставување ја засилува тензијатаи клаустрофобијата, бидејќи ликовите се повеќе се гушат во сопствената плунка, пот имирис. Дијалогот е остар, духовит и брз. Тој е исполнет со хумор што често ги покриваслоевите на анксиозност и предизвикува тригери. Публиката во улога на воајер е вовлеченаво овој колеж и се забавува гледајќи ги, но крајната цел на оваа претстава е да се препознаесекој еден од нив со горчлива задршка и мачнина во стомакот. Сведочењето на нивнитеслабости како и апсурдноста на нивните ситуации ги доведува до детска расправија ,такашто нивниот интелектуален капацитет на кој толку многу се гордеат, пропаѓа.

„Богот на колежот“ служи како моќно истражување на човечката природа, откривајќи ги комплексноста на односите и несигурната рамнотежа помеѓу учтивоста и хаосот. Оваа ангажирана структрура на претставата нуди брзо размислување на публиката, потсетник за општествените норми, среќното детство и вистинската сурова комплексност на човечката природа. Излог кој се крши во милион парчиња, наспроти лажниот морал и вечноста на суетата која без грешка сигурно води во пропаст.

Оваа претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути за време кога публиката е учесник во арената.

Времетраење: 90 минути без пауза


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...