Пређи на главни садржај

Симона Поповска има нова песна под наслов „Небитен"

 „НЕБИТЕН" емотивна балада посветена на прифаќањето дека си станал небитен за некој кој ти е сè...

Симона Поповска на јавноста ѝ ја претстави својата нова емотивна поп-балада насловена „Небитен". Станува збор за композиција која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи. Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е со потписот на Кристина Зимбакова-Маркоски. Зад продукцијата, миксот и мастерингот стои Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во придружните вокали. И тука не завршува целиот ангажман на Симона, овојпат таа се погрижи самата и за изгледот и изборот на модните комбинации, односно уникатните одела на Сигнори.


Видеото, пак, е снимено во планинскиот еко центар Grizzly -  уникатна дестинација на најубавиот видик на езерото Козјак, а во продукција на 20TWO Studio под режисерската палка на Крсте Шупев. Кадрите ја следат внатрешната трансформација на една жена која однадвор изгледа смирено и контролирано, но останува затворена во сопствената тишина, стабилна однадвор, а скршена однатре.


Стиховите „Тажно е што не те ни боли..." и „Да поверувам, небитен си" добиваат силна визуелна тежина, претворајќи ја песната во приказна за најтешката битка, прифаќањето дека си станал небитен за некој кој сè уште ти значи. Зашто „Небитен" е приказна за љубовта што тивко крши  и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие „сè".

„Небитен" веќе е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Симона  Поповска.



#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...