Пређи на главни садржај

Во Италија промовирано ново вино „Пред дождот"

 Виното е инспирирано од филмскиот класик на режисерот Милчо Манчевски...


Реномираниот италијански новинар и вински експерт Марко Поцали го претстави новото авторско вино „Пред дождот" (на италијански Прима дела пјоџа), инспирирано од македонскиот и светски филмски класик на режисерот Милчо Манчевски.

 

Станува збор за ограничено производство на вино од 100% сорта аглијанико, создадено на падините на Везув, во регионот околу Неапол, на вулканска почва и од органски одгледувани лозја.

 

Виното е создадено како посвета на култниот „Пред дождот", добитник на Златен лав и уште 9 други награди на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994, кој во Италија беше и филм на годината и е вклучен во школското филмско образование, а е и првата македонска номинација за Оскар во 1995.

 

„Филмот „Пред дождот" ме следи од 1994 година, кога силно ме погоди. Убавината на филмот, кружната порака што ја носи, идејата дека времето никогаш не чека и никогаш не умира, станаа дел од мојот личен и професионален свет.", вели Поцали, додавајќи дека проектот не е замислен како комерцијален бренд, туку како авторска соработка што ги поврзува виното, времето и местото.

 

Новото вино е резултат на директна соработка на Поцали со Милчо Манчевски и е дел од концептот „Јажето на 41-та паралела", симболична линија што поврзува различни култури и простори, Истокот и Западот, меѓу кои и Скопје и јужна Италија.

 

„Сакав линија што обединува, а не разделува и виното е дел од тоа патување. Како патување, таа линија тргнува од јапонскиот остров Хоншу, минува низ Азија и Медитеранот, со симболична станица во Скопје - родниот град на Манчевски, за да заврши во Нeaпол, под Везув. Токму таму, старите лозја ги впиваат мирисите на морето и минералниот отпечаток на вулканската почва, претворајќи го грозјето во вино со силен идентитет.", вели Поцали.

 

Во оваа приказна, окото на Милчо Манчевски е неопходно, тој го интерпретира виното преку фотографија, објаснува Поцали. Секоја година етикетата ќе се менува и ќе носи една негова фотографија со краток текст. За првата берба, избрана е фотографијата „Гинко" (2011), која Манчевски ја објаснува: „Ливче фатено во вода, водата фатена во метален квадрат, квадратот фатен во наполу обоен бетон. Суштината на природата опстојува, како во чаша вино".

 

Ова е петто вино „Пред дождот" на Поцали - првото е создадено во 2009 на Етна, Сицилија, заедно со производителот Салво Фоти, една од најважните фигури во италијанското винарство. Во периодот од 2009 до 2015, следеа второто вино, кое беше создадено во словенечкиот Карст и третото во Тоскана со еден од најреномираните винари во светот Роберто Чипресо. Овие три вина имаа етикети дизајнирани од уметницата Даниела Беати. Четвртото вино беше шампањско произведено во Франчакорта во Бреша.

 

Најновото вино моментално одлежува во шише и ќе биде претставено во специјална пригода.

„Ова е вино создадено за споделување, не за масовен пазар.", нагласува Поцали и додава: „Проектот „Пред дождот" останува отворен за идни берби, но секогаш со ист принцип: ограничено производство, јасен авторски печат и силна врска меѓу виното, времето и местото на неговото создавање".

 

 

#Занимливост

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...