Ова прашање доаѓа по емитувањето на минатата емисија од „Никогаш не е доцна“ каде Катиќ беше во улога на член на жири комисијата...
Во минатата емисија која беше емитувана на 22.02.2026 година гледачите ширум балканот имаа можност водителката на „Никогаш не е доцна“ Драгана Катиќ, да ја видат како член на жири комисијата во ова балканско музичко шоу.
Авторот на емисијата познатиот Саша Јакшиќ-Жика ја отвори емисијата сам на сцената, бидејќи водителката Катиќ овој пат седеше на познатата жири столици до сталниот член на жири комисијата Саша Милошевиќ-Маре. Покрај Маре и Катиќ во минатата емисија на „Никогаш не е доцна“ член на жири комисијата беше и естрадниот уметник Миле Китиќ., а сите тројца го оцнеуваа пеењето на кандидатите.
Имено, како што објаснува Жика Јакшиќ, одлучил да ја исполни желбата на водителката Катиќ да не стои на штикли неколку часови.
„Така се договоривме. Тоа го пишува и во нашиот меѓусебен договор да барем еднаш да се одмори од штикли“-вели Жика Јакшиќ.
Инаку, Жика на ова додава дека многу пати размислувал за тоа Драгана да биде на местото на стален член на жири комисијата наместо водителка на ова популарно музичко натпреварување на балканот.
„Нема да правам промени и да ја менувам концепцијата на натпреварот, но на Драгана дефинитвно и долкикува да биде член на жири комисијата“-додава Жика Јакшиќ.
#Естрада


Коментари
Постави коментар